Не сум сигурен како да го започнам овој пост, но ќе се обидам. Себично ќе тргнам од себе и своите чуства.
Кога дознав дека ќе се одржува аниме проекција во културниот центар Точка во исто време чуствував среќа и страв. Страв од тоа што не знаев кое аниме ќе биде пуштено, те дали тоа аниме ќе биде соодветно. Се плашев да не биде полно со насилство или со теми какви што на луѓето уште не им се познати, па со тоа да не се претстави Аниме/Манга културата, како и цела Јапонија, во негативно светло. Но, за среќа, не беше така.
После часот по германски се стрчав до Tочка, која што веќе беше полна. Видов многу многу различни луѓе, кои што зачудено зуреа во мене. Веројатно мојот „апиренс“ ги шокирал, (не навлегувам во тоа каков шокот бил) но сè на сè не обрнував внимание на тоа. Седнав и почекав да почне. Кога почна, ми падна камен од срцето. 時をかける少女, Toki o Kakeru Shōjo е вистински избор на аниме. Иако мислев дека превод на македонски би бил по соодветен, и исто така некаква презентација пред тоа, бев задоволен.
После тоа останав со неколкумина луѓе, од кои некои автори на овој блог, и имавме мала конверзација.
После ова во мојата глава се вртеше само едно
„Мy dream to become a manga-ka isn't impossible"
(=^_^=)
недела, 11 мај 2008 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
3 коментари:
Многу се каам што не дознав на време и не дојдов...
Енивеј, добра забелешка во врска со превод на македонски, мислам дека на тој начин проекциите би биле многу подостапни за публиката (имајќи предвид дека многу мал процент од народов ЗНАЕ англиски), а мислам дека и нема да биде проблем за преведување.
Но ако преведуваме дајте да преведеме од јапонски на македонски , јас лично невеувам во тие јапонско-англиско-па некој трет јазик преведувања
Ако постои некој што е СПОСОБЕН и што ИМА ВРЕМЕ за таква работа...
Објави коментар