Еднаш кога ќе тргнеш да патуваш неможеш да престанеш! Чувството те тера пак да заминеш некаде. Мислам дека е поради тоа што кога си сам таму некаде далеку и знаеш дека се потпираш исклучиво само на своите инстинкти, ти се зголемува самодовербата и знаеш дека ете баш во тие моменти се исполнуваш и се градиш како комплетна личност.
Јапонија беше само еден дел од моите патувања во 2006 и 2007 година, но сепак можеби најголем за мојата кариера и за моето работење на градење на себеси како комплетна личност. Личност која поради многуте искуства од типот сам во 1 часот по полноќ во метро во Чикаго и без место за спиење и практично без пари во малото градче Шимабара во Јапонија, почна да размислува во насока на апсолутно стопирање на лошите мисли во неговиот живот поради тоа што кога патуваш мораш едноставно да не продуцираш лоши мисли бидејќи лошите мисли носат незгодни и панични ситуации.
Јапонија е прекрасна! Тоалетните школки им се уште поневеројатни! ;) Ќе ви кажувам за ова искуство малце понатака =D
За сега ќе ги поделам моите најомилени фотографии од Јапонија со вас. Овие фотки се дел од мојата изложба која се спремам прво се разбира да ја поставам тука во мојот роден град во Тетово.
Уживајте!
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар