Петок, 16 Мај, 20 часот. Културен центар Точка.
Втората светска војна имаше и друга страна.
И освојувачите имаа цивили.
И во тие цивили имаше вистински деца, кои вистински страдаа.
Гробот на светулките е филм кој ќе ви ги покаже тие деца.
Ќе ја оголи пред вас суштината на таа војна со симболичката моќ на анимираниот јапонски филм.
Овој филм ќе ви ги разниша предрасудите и ќе ви ја покаже опачината на ослободителната војна, особено на онаа на Американците, која се одвиваше на јапонска територија.
Топла, интимна и болна приказна за остатокот од едно семејство во разрушената поствоена Јапонија. Брат и сестра кои невино го прифаќаат страдањето и не забораваат да ја живеат убавината на животот со полни гради. Ни пренесуваат една хармонична и мудра порака во хаосот на ужасниот апсурд на војната.
Оваа недела во петок на 16 ти Мај, во 20 часот, Јапанорама ви го претставува аниме класикот „Гробот на Светулките".
Филм кој не ги остави рамнодушни ни најголемите критичари веќе дваесет години.
Еден од нив е и големиот Роџер Еберт, чиј детален осврт на филмот може да го погледнете тука.
Тука погледнете го трејлерот.
Тука рејтингот на IMDB.
Филмот трае 89 минути.
Овозможено од Japan@mk во соработка со К.Ц. Точка и поддржано од Метаморфозис.
вторник, 13 мај 2008 г.
Гробот на светулките - трогателен аниме класик за децата во војната
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар