Оваа недeла Јапанорама во соработка со Метаморфозис ви го претставува филмот Кукли на познатиот јапонски режисер Такеши Китано.

Филмот претставува колаж од дејствија раскажани преку живописни и напати надреални сцени, кои пленат со својот симболички потенцијал и длабоки пораки.
Фабулата е создадена од три, навидум едноставни приказни, кои раскажуваат за несовладливата, екстремната и понекогаш разорувачка моќ на љубовта која секогаш фасцинира.
Таа е суштинскиот двигател на нештата во животот, и скоро е невозможно да и се спротивставиме.
Самиот филм се вика Кукли и ликовите во филмот ги споредува со куклите на Bunraku (традиционален јапонски куклен театар), пренесувајќи ни ја идејата дека луѓето во однос на љубовта се како куклите придвижени од луѓето, да ги играат своите улоги во татарот на животот.
Филмот има добиено две златни награди, а бил номиниран за венецискиот златен лав и за награда на Јапоската академија.
Погледнете ги:
Нема коментари:
Објави коментар