недела, 11 мај 2008 г.

Јапанорама бр.1 - кус осврт

На 08.05. 2008 во просториите на „Точка“ се одржа првата така наречена Јапанорама во рамките на која беше прикажан долгометражниот цртан филм (аниме) „Девојчето кое скокна низ времето“.
Се јави желба кај луѓето кои се „Јапанофили“ и СЕ прават од чист ентузијазам, да на различни начини и ја доближат јапонската култура на македонската (во случајов скопската) публика.
Првиот настан беше „Цветањето на црешите“ ( за кое можете да видите исцрпен материјал и фотки на блогов), а вториот настан се проекции на јапонски филмови.
Како дел од групава која го организираше настанот морам да признаам дека имавме бајаги проблеми (и нервози) додека да најдеме прожектор, но за среќа „Метаморфозис“ ни излегоа во пресрет и ни позајмија прожектор. Фала на „Метаморфозис“ за поддршката!

На проекцијата се појавија околу 40 тина луѓе. Имавме поставено 20 тина столчиња но, некако не фати шубе пред почетокот на филмот па решивме да додадеме уште столчиња и се изнендаивме пријатно дека сите беа пополнети.

Филмот беше имагинативен и полн со емоции, типични за Јапонците. Дури една девојка којашто седеше пред мене толку се соживеа со филмот, што гласно ги изјавуваше сите реакции на болка, тага и смеа. Филмот зборуваше за шансите кои ни се даваат во животот и како ги користиме (за жал обично неправилно и се зафркаваме, а тоа се должи на нашата незрелост т.е. детскост). Поракатa беше дека „времето не чека никого“ (Time waits for no one).

На повеќето присутни им се допадна филмот, некои си станаа и пред завршувањето, но сепак се работи за уметност која не може на сите да им е блиска. Некои немаа трпение да почекаат да се решат малите технички проблеми кои се појавија пред крајот на филмот, но кога се е од ентузијазам и аматерски, треба човек да биде потолерантен и да дава шанси (впрочем тоа беше и една од пораките на филмот:)

Па се гледаме на следната Јапанорама бр. 2, во петок (16.05.2008).
Бујрум! Yokoso!

Нема коментари: