сабота, 24 октомври 2009

Sapporo Yuki-matsuri - земја на соништата од кристален лед и бел снег

Секој Февруари во Сапоро, Хокаидо, се оддржува Фестивалот на снегот или Sapporo Yuki Matsuri. Историјата на фестивалот започнува во 1950-тата година, кога неколку средношколци направиле шест сататуи од снег во паркот Одори (大通公園, Ōdōri Kōen). Во 1955-тата година Јапонските сили за самоодбрана од локалната база Makomanai ги направиле првите масивни снежни статуи, по кои подоцна ќе стане познат овој фестивал. Интересно е и, што во услови на помало количество на наврнат снег во Сапоро, силите за самоодбрана носат снег надвор од Сапоро, а тоа ним им се смета како вежба.
Во денешницата, за време на овој фестивал Сапоро е посетен од страна на 2 милиони туристи од целиот свет. Се оддржува на три локации во рамки на градот: Одори паркот, Сусукино и Тсудоме.
Фестивалот е од натпрева-рувачки карактер (од 1974) на тимови од цел свет, а центар на збиднувањата е секако, паркот Одори. Тој е лоциран во срцето на Сапоро, долге е 1,5 km, а во него се поставени огромните снежни статуи, кои често знаат да достигнат и 15 m висина и 25 m ширина. Често тие служат како импровизирани бини на кои се оддржуваат и концерти. Покрај џиновските статуи, тука се наоѓаат и помали статуи, а најубав поглед на пракот има од ТВ кулата на Сапоро.
Локацијата Сусукино, која важи за red-light district на Сапоро, исто така има статуи и се наоѓа недалеку од паркот Одори. Тука се организира натпреварот во правење на статуи од лед (すすきの氷の祭典, Susuki no Kōri no Saiten). Исто така на оваа локација има годишен избор на Снежна кралица. (мис рУмска лепотица XD)
Tsudome, пак е локација која се наоѓа малку понастрана од центарот, и која е во функција на фамилијарна забава. Тука, на снежни лизгалки и лавиринти, snow-rafting, како и на голф на снег може да се забавуваат сите посетители на фестивалот, како и да уживаат во регионални кулинарски специјалитети.
61виот фестивал на снегот ќе се оддржи од 5ти до 11ти Февруари 2о1о. Иако овие статуи кратко траат, сепак тие се тивок показател на човечката творечка моќ. Кој знае, можеби еден ден, и ние ќе бидеме дел од зимската приказна од бел снег и кристален лед ;)