
Пред Нана, се што читав од манга или гледав од аниме беше претежно шонен (shonen) и ми се допаѓаше. Претставата што ја имав за шоџо (shojo) беше во најмала рака стереотипна, според тоа што го имав прочитано. Но по препорака слушнав за Нана и решив да ја читам и мнооогу се изненадив. Оваа манга има толку длабока обработка на ликовите, што во споредба Bleach ми изгледаше како цртан филм за мали деца.
Откако ја дочитав го симнав и анимето, кое е ептен добро направено и ви го препорачувам

Инаку, постои едно разочарување, а тоа е дека не завршуваат, односно сеуште се во тек. Мангата е нешто понапред, ама како што можете да забележите на линкот на википедија, епизодите излегуваат на неколку месеци и тоа е многу мачно. Најновиот чептер на англиски а е излезен на втори септември. Јапонските се понапред, ама кој да знае јапонски и кај да ги најде човек (-_-)
Целата поента е дека оваа манга е толку добра што слободно ја препорачувам и на сите љубители на манга и аниме, како и на сите љубители на каква и да е литература. Доколку ви е проблем читањето стрипови, прво гледајте го анимето, кое сигурно ќе ви се допадне.
И накратко да ве воведам во содржината. Нана е современа драма која не запознава со некои базични елементи на јапонската култура, но во исто време не запознава длабоко со начинот на функционирање на ликовите кои се универзално човечки и можат да се вклопат во секоја култура. Затоа просторот за идентификација е толку голем и неизбежен што скоро секој може да ужива во градењето на ситуациите во приказната вклучувајќи се во доживувањата на некој од многуте ликови. Двата главни лика

Покрај нив има и многу интересни машки ликови: членови на бендови, дечковци, уметници, бизнисмени и т.н.
На крај да кажам дека Нана е и наградувана, во 2003 добила Shogakukan Manga Award а авторката Ai Yazawa е позната и ценета мангака во Jапонија. Да не заборавам да спомнам и тоа дека Нана е почната да се издава од 2000, односно веќе 8 години, не знам кога ќе и дојде крајот, ама некако разочарувачки е за нас кои сакаме да ја прочитаме цела.
За тие што сакаат да ја прочитаат или изгледааат еве линкови до мангата:
- На bleachexile
- На onemanga
За филмот не ви давам линк, зашто не ми е гледан и не знам дали е добар. :)