Пред Нана, се што читав од манга или гледав од аниме беше претежно шонен (shonen) и ми се допаѓаше. Претставата што ја имав за шоџо (shojo) беше во најмала рака стереотипна, според тоа што го имав прочитано. Но по препорака слушнав за Нана и решив да ја читам и мнооогу се изненадив. Оваа манга има толку длабока обработка на ликовите, што во споредба Bleach ми изгледаше како цртан филм за мали деца.
Откако ја дочитав го симнав и анимето, кое е ептен добро направено и ви го препорачувам на сите (и машки и женски) исто како и мангата, а има снимено и лајв екшн филм, кој не ми е гледан.
Инаку, постои едно разочарување, а тоа е дека не завршуваат, односно сеуште се во тек. Мангата е нешто понапред, ама како што можете да забележите на линкот на википедија, епизодите излегуваат на неколку месеци и тоа е многу мачно. Најновиот чептер на англиски а е излезен на втори септември. Јапонските се понапред, ама кој да знае јапонски и кај да ги најде човек (-_-)
Целата поента е дека оваа манга е толку добра што слободно ја препорачувам и на сите љубители на манга и аниме, како и на сите љубители на каква и да е литература. Доколку ви е проблем читањето стрипови, прво гледајте го анимето, кое сигурно ќе ви се допадне.
И накратко да ве воведам во содржината. Нана е современа драма која не запознава со некои базични елементи на јапонската култура, но во исто време не запознава длабоко со начинот на функционирање на ликовите кои се универзално човечки и можат да се вклопат во секоја култура. Затоа просторот за идентификација е толку голем и неизбежен што скоро секој може да ужива во градењето на ситуациите во приказната вклучувајќи се во доживувањата на некој од многуте ликови. Двата главни лика се две девојки со име Нана, кои се сосем различни по карактер и погледи на светот животот и иднината, но по некоја случајност стануваат блиски и...
Покрај нив има и многу интересни машки ликови: членови на бендови, дечковци, уметници, бизнисмени и т.н.
На крај да кажам дека Нана е и наградувана, во 2003 добила Shogakukan Manga Award а авторката Ai Yazawa е позната и ценета мангака во Jапонија. Да не заборавам да спомнам и тоа дека Нана е почната да се издава од 2000, односно веќе 8 години, не знам кога ќе и дојде крајот, ама некако разочарувачки е за нас кои сакаме да ја прочитаме цела.
За тие што сакаат да ја прочитаат или изгледааат еве линкови до мангата:
- На bleachexile
- На onemanga
За филмот не ви давам линк, зашто не ми е гледан и не знам дали е добар. :)
4 коментари:
Will check it out :)
Благодарам за линковите!
(Инаку само што ми се симна Bleach the movie 2 - yay!)
Имав прилика да го гледам филмот Nana навистина е прекрасен. Инаку не знам дали знаете но Nana на јапонски впрочем значи 7 (ми кажа другар) 2 толку различни светови можат да најдат заеднички јазик. Во суштина сите сме луѓе вакви или онакви. Кој може нека го гледа...
Поздрав,
Најновиот волјум на Нана, 19ти, кој излезе во Јапонија во мај, се продал во 780000 (нанаџухачиман) копии за една недела.
А на англиски следно треба да излезе 13 тиот волјум и тоа во ноември :/
Ете уште една причина да се научи јапонски.
Објави коментар