понеделник, 22 септември 2008 г.

Зелена оаза во бетонската џунгла на Осака



Инспирирана од зеленилово на градот во кој моментално престојувам и неговата поврзаност со природата (која овде- во Подгорица не е никогаш премногу и се надевам така ќе остане и покрај големата експанзија на градежништвото и пренамената на отворениот во урбанизиран простор), сметав дека овој проект што ви го презентирам би ви бил интересен на сите. Особено што, нормално, се наоѓа во Јапонија.

Во бетонската џунгла на Осака, на некогашното поле за безбол кое не им носело профит ниту пак било многу посетувано од жителите на Осака, во 2003-та година никна 30-катна станбена зграда и 8-катен трговски центар. Економски исплатливо, со оглед на значењето на локацијата, близу Кансаи аеродромот, што би се рекло –„ништо посебно“ , меѓутоа, инвеститорот Nankai Electric Railway ја искористил шансата да направи нешто оригинално, еклектички поврзувајќи го, или поточно мешајќи го природното и урбаното, па меѓу бетонот и градската слика, уфрли паркови, зелени површини, високи карпи, кањон од ѕидови и тераси, водопад, амфиетарат, па дури и индивидуални градини со зеленчук. Оригинално искуство на купување, јадење во некој од рестораните од 2-ри до 5-ти кат, рекреација, оригинален амбиент за културни настани и воопшто промена на сликата на градското секојдневие.

Доволно е текстов како вовед. Еве го низ слики Namba Parks (なんばパークス Nanba Pākusu)

Нема коментари: