сабота, 6 септември 2008 г.

Пластични кеси за ѓубре во форма на зајчиња うさぎ君

Интересна идеја на дизајнерската група од Токио MAQ, inc. кои решиле здодевните бели пластични кеси да ги претворат во бели зајчиња пријатни на изглед :D
Нивните розови очиња, устето во вид на Х и ушите кои во случајов се рачки на кесата, ќе ви го направат пренесувањето на сметот забавно. Без разлика дали се работи за пикник во парк, прошетка во планина или на плажа или само го фрлате ѓубрето навечер, Зајко-кун (како што го нарекуваат rabbit-kun или うさぎ君) со својот изглед е доволно шармантен и ги плени погледите на љубопитните лица ;) За промена, ќе уживате во фрлањето ѓубре, за кое сите ќе се согласите дека е доста здодевно.








Web страницата за оваа кампања е http://www.maq.co.jp/gba/index.html, секако претходно имало и други кампањи слични на овие каде што се користени слики од животни на кесите за ѓубрето, за тие да не изгледаат монотоно, но мене овие ми се најинтересни.

4 коментари:

FiGi рече...

dosadno im bilo koa frlale gjubre i nacrtale ochi i usta na kesata,wtf
sho glupost nema da izmislat xD

kiwi рече...

мене многу ми се допаѓа идејава ! ке почнам на кесите дома да им цртам носе и очиња :Р

Marivche рече...

Закон!
Шармантни и пленат погледи - колку само се смеев! Мора да признаам дека идејава е супер, а и зајчовците се ueber-cute!:))))))))))))))))))

Анонимен рече...

interesno... samo sto kaj nas od prvi ke gi zabranat najlonskite kesi...