Се прикажуваат објави со етикета парк. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета парк. Прикажи ги сите објави

понеделник, 21 април 2008 г.

Средбата во бонсаи паркот

Вчера, од 12 часот имавме закажано јапанофилска средба и прошетка низ парк, со посета на бонсаи паркот.

На средбата се појавивме само четворица. Јас, Мира, Никола и Милан. Другите или не разбрале или спиеле, или беа на рециклирање на лоштад и сл.

Во парк беше супер, ама бонсаи паркот беше затворен, изгледа во недела не работат.
Така да остана уште една шанса да идеме и другите да не пропуштат. Според ова искуство следната средба би била: после Велигден (а можда и Мај), за некоја поспецифична прилика, во сабота попладне (кога никој не спие), ама пред 6 (зашто до тогаш работи бонсаи паркчето). Ќе пишеме и тука на блог, па да биде помасовно. Јас би предложила да се спремате уште од сега ;)

Попосле ќе ставам Еве и неколку слики што ги фативме преку решетките.



А и кога сум веќе тука, еве уште една фото сесија од Сакура.