На средбата се појавивме само четворица. Јас, Мира, Никола и Милан. Другите или не разбрале или спиеле, или беа на рециклирање на лоштад и сл.
Во парк беше супер, ама бонсаи паркот беше затворен, изгледа во недела не работат.
Така да остана уште една шанса да идеме и другите да не пропуштат. Според ова искуство следната средба би била: после Велигден (а можда и Мај), за некоја поспецифична прилика, во сабота попладне (кога никој не спие), ама пред 6 (зашто до тогаш работи бонсаи паркчето). Ќе пишеме и тука на блог, па да биде помасовно. Јас би предложила да се спремате уште од сега ;)
А и кога сум веќе тука, еве уште една фото сесија од Сакура.
7 коментари:
жити се вака мобилниот ти сликна уствари преку решетка или ја не видов дека носеше апарат??? брееј
Јас сум изгледа многу noob во ова, па се надевам ќе ве запознаам сите со тек на време. Изгледа бонсаи паркот ќе биде најдобро место за тоа. Bi, договори јавно средба, за да не пропуштам наредниот пат. Poljaff си е полжаф на крај ^_^... Поздрав!!!
poljaff, беше објавено на групата, па мислев стигна мејлот до сите, ама изгледа ти не си зачленета во групата.
http://groups.google.com/group/japonija
Зачлени се слободно, или ако сакаш јас ќе те додадам.
Onimusha на Nikora мобилниот е тоа :)
добар е мобилниот, ама што бара огромниот костен расцветан во бонсаи градина :D:D:D
Монтажа е. >)
Кај е тај Бонсаи Парк у Скопје жити се?!?
Објави коментар