вторник, 15 април 2008 г.

фудбал во јапонија










За да влезам во локален филм решив да навивам за Ф.К. Токио. Нивниот стадион е во близина на универзитетот (стадионот се вика Аџиномото, кој е спонзор и е произведувач на најпознатиот зачин, кај нас тоа би било Вегета). Нивната боја е како на Барселона и често меѓу навивачите има и знамиња на Барселона и на Норвешка. Во саботата имаше дерби со Верди Токио со кои го делат стадионот (како Милан и Интер) и поради тоа се мрзат многу, а тоа ги прави нивните натпревари многу интересни, бар за локалните. Инаку, во Јапонија професионалната фудбалска лига Ј-лига (се чита џеј-риигу) е основана во 1993 и првите шампиони се токму Верди. Тие беа јаки на почетокот, но сега не се веќе толку јаки (како Лацио во калчото, да речеме). ФК Токио од втора влегоа во прва лига 1999 или 2000 и од тогаш се некаде на средина. Ривалството со Верди има една историја. Верди се оригинално од Кавасаки, јужно од Токио, и бидејќи беа шампиони првите години решија да се преселат во Токио за да станат популарнии низ целата земја (како Јувентус во Италија). Се преселија на Аџиномото во време кога ФК Токио влезе во прва лига и затоа не можат да ги смислат Верди овде во Фучу . Навивачите на ФК Токио имаат и посебна навивачка песна „Верди дакенива макеренаи“ (само од Верди не смееме да изгубиме). Често скандираат и „Верди кусотаре“ (кој разбра, разбра). Во саботата имаше дерби меѓу нив и, нормално, бев да гледам. Верди официјално беше домаќин, но имаше многу повеќе навивачи на ФК Токио (ја седев меѓу нив). Стадионот не беше полн, бидејќи е огромен, но сепак имаше повеќе од 22,000 гледачи. ФК Токио победи, но со пресврт. Во прво полувреме прими гол, израмни во второ, и во 85 минута Верди си даде автогол. Многу слатка победа. Додека губеа ФК Токио навивачите ја пееја Верди дакенива макеренаи. Еве неколку слики од натпреварот и едно видео каде што се пее химната на ФК Токио.

1 коментар:

Boris Pavlović рече...

nisam znao da si tako dobar poznavalac kalča

samo napred

uživanjac