да почнеме со најосновните работи па да видиме како ке ни оди, што мислите?
значи прво пред се мора да видиме како настанале симболите, како се развивал системот на пишување, зборови и сл.
Kanji се најпопуларните јапонски симболи од трите кои се користат за пишување (kanji, katakana и hiragana). Овие карактери се викаат идеограми, идеографи или пиктограми во светот затоа што Kanji симболите презентираат идеја и покажуваат значење на визуелен начин. На пример некои од Kanji симболите се развивале на ваков начин:
Kanji за сонце и дрво изгледаат како и тоа што го претставуваат, но тоа не е секогаш случај.
Има kanji кои воопшто не изгледаат како нивното значење.
Kanji-те можат и да се комбинираат и да се добие нов Kanji со ново значење.
Ако ги споиме симболите за дрво, ке добиеме шума.
Следна важна работа е начинот на кој се пишуваат, за кој во денешно време со компјутери младите генерации не обрнуваат внимание многу на ова, а традиционалистите го сметаат за нешто свето. Има неколку основни правила за начинот на кој се влечат линиите за да се добие вистинското чувство на идејата која ја изразува симболот. Да го земеме пак симболот за "дрво".
Мислам дека е доста за прва лекција :) следно е разликата меѓу кинеските и јапонските симболи и зошто изгледаат толку слично.
Поздрав јапанофили!!!
gambatte ne !!!
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
Со душа ја чекам следната лекција :)
Објави коментар