среда, 16 април 2008 г.

Furoshiki 風呂敷

Фурошики е традиционален јапонски начин на завиткување со помош на специјални парчиња материјал во вид на марами со квадратна форма.
Со правилен начин на свиткување и врзување на марамата, добиваш торба за секаква прилика и за пренос на различни типови на багажи, од алишта, храна (bento - јапонски lunch box), книги, шишиња, топки, кутии... А доколку употребиш поквалитетна и убаво дизајнирана марама 
(постојат специјални токму за оваа намена) добиваш оригинално спакуван подарок.

Овој начин на завиткување на Се појавил како потреба за пренесување на облека и други ствари, во недостаток на торба.
Мислам најпрво се појавил во бањите, за завиткување и носење на алиштата. 

 

Кај нас нешто слично се викало бовча. Сепак јас немам претстава за правилен начин на врзување на бовча и нејзино користење, туку само сум слушнала и знам што би требало да претставува. Исто во приказните или цртаните филмови, обично сиромашните си ги врзуваа сите работи кои ги поседуваат во еден партал, кој го закачуваа на еден стап, стапот на рамо и така тераа по патот, барајќи си ја среќата.

Денес овој тип на завиткување во Јапонија се користи за пакување на подароци. Марамите за фурошики се обично поврзани со флорални или растителни дезени секогаш со специфичниот шмек на јапонската естетика и со различни пред сè квалитетни и украсни материјали како свила, најлон, памук.

На сликата има прикажано неколку начини за завиткување на различни форми на предмети: Од книги, шишиња, па се до топчести и цилиндрични форми. А на галеријава можете да разгледате слики од фурошики.

1 коментар:

Poljaff рече...

Galerijata e odlicna.... dobiv slika za site bento rucecinja sto gi pakuva Watanuki za Doumeki i Himawari-chan vo xxxHolic ;)Fala