Се прикажуваат објави со етикета tokyo. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета tokyo. Прикажи ги сите објави

сабота, 6 март 2010 г.

Tokyo Sky Tree

"Tokyo Sky Tree" се гради во Narihirabashi/Oshiage област во Sumida, Tokyo. Со своите 634m, кулата ќе биде една од највисоките во светот. Овој месец се завршија 300м од изградбата, а кулата треба да биде званично отворена во април 2012.



Кулата е цел на потполна дигитализација на јапонската телевизија во која се вклучени 6 големи TV станици, меѓу кои и NHK. Исто така, со неа ќе се подобри и достапноста на дигиталната ТВ емисија за мобилните апарати во Јапонија, која е започната пред скоро 4 години. Со својата висина, кулата ја надминува „шумата“ од супер-високи облакодери на Tokyo, а за нејзино непречено функционирање околу неа се гради „град“ во радиус од 400м.



Претпоставувам дека на сите ви е добро позната кулата на Tokyo, висока 333м, која моментално испраќа 14 аналогни и 10 дигитални сигнали и претставува туристичка атракција уште од 1958 година. Искрено се надевам, покрај својот помлад брат, Tokyo Tower нема да ја изгуби популарноста меѓу јапонските и странските туристи.

петок, 18 јули 2008 г.

Style Deficit Disorder

Личи на некоја неизлечива ментална болест, ама верувјте ми не е. Станува збор за нова книга од Tiffany Godoy, креативен консултант, која решила да направи своевидна хроника за уличната мода во Токио, и тоа во делот кај Harajuku, или како што го нарекуваат "Токискиот стилски епицентар" - огромен лавиринт полн со бутици, продавници, кафулиња и луѓе. Намерата на ова дело е да му ја укаже на Harajuku должната почит кон неговиот придонес во креирањето на јапонската и глобалната улична мода. Авторката насловот го објаснува со тоа дека големите скокови од стил во стил во овој дел се толку очигледни и дека тие не дозволуваат долго задржување на определен стил, туку тенденцијата е кон рапидно пребегнување кон и голема "жед" за се понови стилови.
Godoy својата кариера во главниот град на Јапонија ја има мошне добро вклопено во нејзинава книга, работејќи и како уредник и како моден консултант и познавач, а во својата контакт листа дури ја има и Patricia Field. Книгата ја започнува со историски осврт на самиот дел, со соодветна мапа, па преку најпознатите стилисти и фризери, до тематските облеки на младите. Книгата изобилува и со фотографии на огромно задоволство на љубителите на уличната мода. Во посебен оддел даден е феноменот Gothic Lollita, каде Маriko Suzuki дава солиден опис за потеклото на истиот, како и за visual-kei и неговото значење и придонес.
Официјалниот сајт е во изградба, но сепак на овој клик може да пратите што се случува.

недела, 13 април 2008 г.

Дневна журка во Токио

Бев на една дневна журка во едно мало местенце во Нака-Мегуро, Токио, релативно блиску до познатата Шибуја (место кај што одат младите за шопинг). Немам што многу да пишувам за журката, само постирам некои слики и едно видео чисто да се види како тоа изгледа во Токио. Местенцето ме потсети на Бизар во Скопје.