Се прикажуваат објави со етикета работа. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета работа. Прикажи ги сите објави

понеделник, 7 април 2008 г.

Karoshi 過労死 (умрел од работа)

Сите што ја сакате Јапонија, треба да се запознаете и со не толку убавите работи кои ни доаѓаат од таму...
Хм, ова мислам и за 1000 години нема да дојде кај нас, ама сепак да се запознаеме.

Кароши е јапонски поим (еееј дури и збор си имаат), кој означува смрт од преголема доза на работа. Кај нас имаме поим „умрев од работа“ ама бидејќи е искажан секогаш во прво лице, изразот сам по себе е контрадикторен, зашто очигледно тој што го кажува не е умрен, освен не дај Боже да му се последните зборови на посмртна постела.
Е, кај јапонциве обично некој друг вели: „Еј а бе слушна? Сузуки го стрефи кароши.“



Кај нас во минатото постоел израз „дамла“, некои баби сеуште го користат, а се користел вака „Персо, слушна ли? Кутри Митре го удрила дамлата.“ Дамлата уствари е она што денес го викаме мозочен удар, и нема баш врска со Кароши.

Кароши е нешто стварно непознато во овој дел од светот. Тоа им се дешава обично на воркохолици, кои не запираат со работа десетици денови без одмор, или пак десетици часови без спиење. Во Јапонија годишно во просек умираат 1000 луѓе од кароши, а тука не се вклучени оние 10 000 кои умираат од работен стрес и останатите 30 000 самоубиства чија најчеста причина е некој проблем поврзан со работата.

Од ова можеме да заклучиме дека јапонците многу сериозно ја сфаќаат работата.