На средбата се појавивме само четворица. Јас, Мира, Никола и Милан. Другите или не разбрале или спиеле, или беа на рециклирање на лоштад и сл.
Во парк беше супер, ама бонсаи паркот беше затворен, изгледа во недела не работат.
Така да остана уште една шанса да идеме и другите да не пропуштат. Според ова искуство следната средба би била: после Велигден (а можда и Мај), за некоја поспецифична прилика, во сабота попладне (кога никој не спие), ама пред 6 (зашто до тогаш работи бонсаи паркчето). Ќе пишеме и тука на блог, па да биде помасовно. Јас би предложила да се спремате уште од сега ;)
А и кога сум веќе тука, еве уште една фото сесија од Сакура.