Се прикажуваат објави со етикета live action movie. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета live action movie. Прикажи ги сите објави

четврток, 2 јуни 2011 г.

Јапанорама 20 - 13 Assassins


Оваа сабота 04. јуни во 20.00 часот, во веќе познатите простории на Клуб на новинари во Скопје, за прв пат оваа сезона ќе презентираме игран филм, по избор на нашите членови.
Станува збор за последниот филм на Такаши Миике - 13 Убијци (Jûsan-nin no shikaku), епска самурајска приказна, полна со карактери, а истовремено многу едноставна.

Во Едо периодот на Јапонија, кога веќе не постојат самураи, еден веќе стар самураи мастер добива задача да го убие бескруполозниот, суров и мазохистички Лорд од кланот на Шогунот, пред тој да стане повлијателен на политичко поле во Јапонија. За таа цел, искусниот самурај собира 12 убијци, докажани и недокажани самураи, на очигледно самоубиствена мисија против малата армија од војници на Лордот.

Филмот е донекаде омаж на, на сите нас добро познатите дела на Акира Куросава, но со насилство типично за самиот Миике (иако не до границите на Ichi the Killer, сепак не е за оние со слаб стомак)

Се гледаме во сабота!

понеделник, 5 мај 2008 г.

L

Само што дознав дека во февруари излегол нов филм поврзан со манга серијата Death Note, а го обработува најкул ликот L (се чита: еру). Филмот се вика L: Change the WorLd и колку што разбрав има сосем различна фабула и ликови од тој со нотесот.



Јас се заљубив во оваа серија (Death Note) уште на првите страници на мангата и на сите што ја немате прочитано, а отсекогаш сте сакале Шерок Холмс причици, логички загатки и задачи, топло ви ја препорачувам. On line може да ја читате тука.
Откако ја прочитав мангата го симнав и анимето (ако ја чувам листата на епизоди на рапидшер, после ќе ви ја прикачам) и исто беше супер. Боите и сенките му даваат нова димензија, а музиката и режијата се сосем на место.

Знам дека има и live action movie во два дела, ама според инсертите што ги гледав на јутјуб не ме врза. Но откако прочитав дека плотот е малку изменет и работите се малку повеќе како што ни одговараат ;) решив еден ден да го гледам. Може тоа да биде и во Точка на јапанорама, ако некој го има да го споедели.

Како и да е, постов е за најновиот Death Note сиквел, кој не е поврзан со главната приказна, но според изгледот на трејлерите ќе е нешто супер. Особено ме радува што е за L и само за L и го нема Раито :)). И особено ми се допаѓа тоа што овој L (живиот) ептен личи на цртаниот L.