Се прикажуваат објави со етикета истражување. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета истражување. Прикажи ги сите објави

понеделник, 30 март 2009 г.

Со CO2 до нови и подобрени перформанси на пластиката

Инспирирана од сé поголемата употреба на пластиката во секоја сфера на животот, но и нејзините штетни влијанија, пред сé по животната средина, ги наведува научниците да размислуваат за и да да бараат решенија за изнаоѓање на алтернативи на пластични маси, кои би имале некакви корисни влијанија по истата.



Јапонските научници Хироши Шимизу и Ли Јонгјин на институтот за истражувања во областа на нанотехнологијата (Nanotechnology Research Institute) во рамки на Националниот институт за напредна наука и технологија (National Institute of Advanced Industrial Science and Technology (AIST)) објавиле дека постигнале значаен напредок во подобрување на механичките карактеристики на пластиката, делумно направена од јаглерод диоксид, и тоа во поглед на нејзината еластичност и јакост, со мешање со други пластични маси.



Претходно, полипропилен карбонатот (PPC) кој научниците сакале да го подобрат, не бил особено корисен, и во него биле додавани алифатни полиестри како секундарни и терцијални состојки, како би можеле да му ја контролираат микроструктурата на PPC-то, а CO2 бил само околу 30% од тежината. Како резултат на истражувањето, во институтот е успешно е развиен PPC наречен aлифатен поликарбонат, кој има не само подобрени механички својства, туку и зголемена резистентност на топлина.

Шемата за синтетизирање на пластика од јаглерод диоксид е стара околу 40 години и е откриена од страна на Проф. Шохеи Инуе од Токискиот Универзитет за Наука. Она кое ја ревитализира идејата за PPC е фактот што со негово производство се јавува алтернатива за досега познатата пластика за општа намена базирана на нафта, како што е полиетилен, полипропилен и полистирен. Новоразвиената и подобрена пластика базирана на јаглерод диоксид треба да придонесе кон превенција на глобалното затоплување, како и редуцирање на зависноста од изворите на нафта. Во Кина веќе се изградени пилот фабрики за масовно производство на оваа пластика со пари од државниот буџет. Но пластиката добиена од овие фабрики е далеку од практично употреблива поради лошите механички својства на истата.

Повеќе околу оваа проблематика може да се прочита на сајтот на AIST.

Првата сликичка е молекул на пропилен карбонат, а втората на полиетилен.

понеделник, 2 јуни 2008 г.

KIBO - јапонската надеж и придонес во истражувањето на условите во вселената

На 1ви Јуни 2008 година, според јапонско време, од Kennedy Space Center беше лансиран спејс-шатлот Discovery, во чиј што екипаж се наоѓа и јапонскиот астронаут Аkihiko Hoshide, и кој го пренесува Јапонскиот Експериментален Модул "Kibō". Мисијата на Kibō фокусира на вселенска медицина, биологија, опсервација на Земјината површина, како и истаражувања врзани за материјално производство, биотехнологија и комуникации.

Името на овој модул во превод значи "надеж", развиен е од страна на JAXA за потребите на Интернационалната вселенска станица (ISS), a воедно претаставува и прва јапонска вселенска установа за луѓе, која придонесува за унапредување на перформансите на ISS. Ова всушност претстваува лансирање на вториот дел од Kibō, за кој и се врзува логото погоре , а првиот дел беше испратен во Март годинава со спејс-шатлот Endeavour во рамки на ISS assembly mission. Лансирањето на треттиот дел е планиран за 2009 година, кога треба да се докомплетира лаборатоијата.


Едвај чекам да видам какви се сознанија ќе се добијат кога Kibō ќе ја добие својата финална форма и ќе биде ставен во погон.

Повќе инфо на сајтот на ЈAXA, NASA и Wiki.