Се прикажуваат објави со етикета канџи. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета канџи. Прикажи ги сите објави

петок, 25 април 2008 г.

Хирагана ひらがな и Катакана カタカナ

Во еден од претходните записи, Onimusha не' воведе во дел од Јапонското писмо Канџи (кое под default се користи Јапонија), па решив да го напишам постов за да тргнеме од нешто основно и полесно :)

Иако Onimusha ги спомна, сепак морам да истакнам дека доколку веќе почнувате со учење на Канџи знаците, пожелно е најпрвин да ги научите Хирагана и Катакана.

Хираганата и Катаканата спаѓаат во Kана систем, што значи дека секој симбол си има свој глас. (Постојат и други писма, меѓутоа одамна престанало нивното користење, па само ќе ги спомнам Хентаигана 変体仮名 и Манјогана 万葉仮名)
Од тука, може да се каже дека (со одредени исклучоци) во Хирагана и Катакана се чита онака како што се пишува (исто како и во Македонскиот јазик).

Хирагана ひらがな е дел од Јапонското писмо и е дел од Јапонскиот систем за пишување. Хираганата најчесто се користи за зборови кои немаат соодветен Канџи знак. Исто се користи и кога соодветниот Канџи збор, не е толку фрекфентно користен и со тоа не му е познат на читателот, се користи и во други случаи, меѓутоа за да не го правам постов толку опширен, нема да набројувам. Повеќе информации можете да најдете тука и тука.

Најчесто користени и наједноставни Хирагана знаци се следните 46:



Катаканата カタカナ највеќе се користи за имиња на места, странски имиња и зборови со странско потекло. Катаканата е карактеристична по тоа што кај неа се користат кратки, прави линии и краеви под одреден агол. Поради ова, катаканата е наједноставното Јапонско писмо. Повеќе информации тука.

Исто како и во Хирагана, следната табела ги прикажува 46те најкористени Катакана знаци



Пред некој ден најдов многу згодни јава апликации (наменети за мобилен телефон) за учење Хирагана, Катакана, а и Канџи.
Бидејќи за Канџи има повеќе, а и темата на записов не се однесува на тоа, ги прикачив само Hiragana recall (49КB) и Katakana recall (46КB)
Со нивна помош може да научите Хирагана и Катакана за еден или два дена (барем што се однесува на препознавање и читање)

Edit: Бидејќи имаше некои нејаснотии, и некои искоментираа во врска со тоа, решив да го едитирам постов и да дообјаснам :)

Како што можевте да забележите од табелите што погоре ги презентирав, има само 46 знаци и многу знаци кои во суштина се користат во Јапонскиот јазик, а сепак се дел од Хирагана и Катакана ги нема.
Ова е затоа што во Хирагана и Катана има и друга поделба на знаците според гласноста. Така да, има знаци кои одбележуваат некој глас, и знаци кои немаат глас. Исто така има и полу-гласовни знаци.

За пример ќе ја земам Га が која ја има дури и во зборот Хирагана, а сепак ја нема во табелата. И сами можете да забележите дека помеѓу か (Ка) и が (Га) има многу мала разлика, и таа се должи на оние 2 мали цртички пто се горе десно како апострофчиња.
Токму тоа е знакот кој го дава гласот и ја прави истата буква со глас.
Значи, Ка + глас -> Га ;Та + глас -> Да; Са +глас -> За; итн. Или тоа на Јапонски:
か -> が ; た -> だ ; さ -> ざ
Овие знакчиња кои и даваат знак на буквата дека е со глас со едно име се викаат dakuten 濁点 
Постојат и полузвучни букви кои се бележат со друго знакче, во случајов многу мало кругче исто како она кое ние го користиме за ознака на степени (на температура, некој агол и слично) Тоа знакче исклучиво служи за произведување на П звукот и се нарекува handakuten 半濁点 (Мару знак, полугласовен звук или П-звук) Пример:
ぱ Па; ぺ Пе; ぷ Пу; ぴ Пи; ぽ По.

Така да, бројот на Кана знаци, зависи од тоа како ги броиме. Како споредба која би била појасна за нас, би ги зел за пример e é è. Сите ќе се согласиме дека е истата буква иако во различни ситуации може да звучи многу поинаку. Исто е и случајот со Хирагана и Катакана знаците. Во случајот со табелите погоре, земен е само знакот кој во случајов за споредба е е.

Се надевам дека сега е појасно (мене дефинитивно ми е). Можеби ова требаше да го ставам како посебен пост, ама како и да е, да не комплицирам :) Bai bai ~~





петок, 18 април 2008 г.

Kanji - продолжува

Зошто јапонските симболи толку многу личат на кинеските?
Историски Kanji симболите се донесени од Кина, но со тек на време "позајмените" симболи и идеограми кај јапанците почнале да се користат само за изговарање на звуците.
Јапонците користат многу помалку Kanji симболи од колку кинезите.
Ако погледнеме во јапонската култира може да приметиме многу адаптации на културен и религиозен план донесени од Кина. На пример кинеската хербална медицина е многу популарна во Јапан.

Значи... сепак се различни!

се разликуваат во структурата:Иако јапонците ги земале кинеските kanji тие го отфрлиле нивното оригинално значење на кинески.

Има два начина на читање на kanji:

Onyomi начинот на читање е оригиналниот кинески начин кој со тек на време се адаптирал по јапонскиот јазик. Најчесто се користи за преведување не-јапонски имиња или англиски зборови да се напишат со kanji.

Kunyomi начинот на читање е оригинално јапонско читање на симболите и најчесто се користи со еден kanji карактер. На пример овој kanji се чита "ki" со Kunyomi начинот. Но, со Onyomi може да се чита на повеќе други начини во зависност од комбинацијата со друг kanji.

следи начини на стилско "цртање" на kanji или калиграфски фонтови.

четврток, 17 април 2008 г.

Kanji прва лекција :)

да почнеме со најосновните работи па да видиме како ке ни оди, што мислите?

значи прво пред се мора да видиме како настанале симболите, како се развивал системот на пишување, зборови и сл.

Kanji се најпопуларните јапонски симболи од трите кои се користат за пишување (kanji, katakana и hiragana). Овие карактери се викаат идеограми, идеографи или пиктограми во светот затоа што Kanji симболите презентираат идеја и покажуваат значење на визуелен начин. На пример некои од Kanji симболите се развивале на ваков начин:
Kanji за сонце и дрво изгледаат како и тоа што го претставуваат, но тоа не е секогаш случај.
Има kanji кои воопшто не изгледаат како нивното значење.

Kanji-те можат и да се комбинираат и да се добие нов Kanji со ново значење.
Ако ги споиме симболите за дрво, ке добиеме шума.

Следна важна работа е начинот на кој се пишуваат, за кој во денешно време со компјутери младите генерации не обрнуваат внимание многу на ова, а традиционалистите го сметаат за нешто свето. Има неколку основни правила за начинот на кој се влечат линиите за да се добие вистинското чувство на идејата која ја изразува симболот. Да го земеме пак симболот за "дрво".
Мислам дека е доста за прва лекција :) следно е разликата меѓу кинеските и јапонските симболи и зошто изгледаат толку слично.

Поздрав јапанофили!!!

gambatte ne !!!