Се прикажуваат објави со етикета Toyota. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Toyota. Прикажи ги сите објави

четврток, 12 јуни 2008 г.

Тостерче за двајца

Во духот на хибридните возила, еколошката свест и грижата за светот кој го населуваме, дизајнот на т.н. коли-играчки, ви презентирам еден автомобил кој ми остави впечаток токму заради концептот на дизајнот. Totally thinking outside the box!
Младите дизајнери на Toyota, водени од концептот на дисбаланс, ја презентираа идејата на cool возило, наменето за уживање, со "зелени" адути во ракавите. Новиот Toyota Hi-CT, дефинитивно ќе ве натера да застанете и да го погледнете. Чудново, но симпатично "тостерче" за двајца, работи на plug-in мотор со литиумска батерија, има димензии 3,3х1,6х1,7м, со доминантна, box-like предница, и багажник кој се адаптира да носи велосипеди и камп опрема за outdoor living.



Еве линк од Аутоблог со поделени коментари и критики за количкава.


Не сум експерт за автомобили, но дефинитивно би сакала едно ваква коцкичка.
Жалам, момци, но ова е иднината на возилата!