Се прикажуваат објави со етикета ѓубре. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета ѓубре. Прикажи ги сите објави

сабота, 6 септември 2008 г.

Пластични кеси за ѓубре во форма на зајчиња うさぎ君

Интересна идеја на дизајнерската група од Токио MAQ, inc. кои решиле здодевните бели пластични кеси да ги претворат во бели зајчиња пријатни на изглед :D
Нивните розови очиња, устето во вид на Х и ушите кои во случајов се рачки на кесата, ќе ви го направат пренесувањето на сметот забавно. Без разлика дали се работи за пикник во парк, прошетка во планина или на плажа или само го фрлате ѓубрето навечер, Зајко-кун (како што го нарекуваат rabbit-kun или うさぎ君) со својот изглед е доволно шармантен и ги плени погледите на љубопитните лица ;) За промена, ќе уживате во фрлањето ѓубре, за кое сите ќе се согласите дека е доста здодевно.








Web страницата за оваа кампања е http://www.maq.co.jp/gba/index.html, секако претходно имало и други кампањи слични на овие каде што се користени слики од животни на кесите за ѓубрето, за тие да не изгледаат монотоно, но мене овие ми се најинтересни.