Се прикажуваат објави со етикета култура. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета култура. Прикажи ги сите објави

понеделник, 26 мај 2008 г.

9ти Japan Expo во Франција – најголема презентација на Јапонската култура во Европа и 29ти Japan Expo во САД – обид за зближување на двете нации

Japan Expo се смета за најбитниот настан за презентација на Јапонската култура на тлото на Европа. Оваа година се одржува од 3-6 Јули, во Parc d’expositions Paris-Nord Villepinte. Самата манифестација опфаќа широк дијапазон на аспекти на Јапонија, тргнувајќи од Мангата и Анимето, преку cosplay–от, па се до боречките вештини, јапонската мода и уметност.
Тоа станува место каде се повикуваат и собираат дизајнери, уметници, mangaka, артисти итн. и каде им се презетираат на нивните фанови. Изобилува со модни ревии, проекции на пред-премиери, конференции и демонстарции на борeчки вештини, разни видео игри, и секако – Караоке!, како и концерти и изложби.
Тука е линкот до сајтот на оваа манифестација, а дел од работите се преведени и на англиски. Овде има и некои статистики од Wiki. А на овој линк може да се видат фотографии од минатогодишната манифестација, и може да ни послужи како инспирација.

Исто така, тоа го има и во САД, и е со подолга традиција, и е во oрганизација на Фондацијата Japan Expo основана во 1980 година. Но во основа ја има истата цел како и погоренаведениот настан, а се одржува на 13 и 14 Декември во Los Angeles Convention Center South Hall. Повеќе инфо тука.

И се разбира, ако некој се наоѓа во билизина за време на одржувањето на овие настани, би било одлично ако ни пренесе искуства од истите!

петок, 2 мај 2008 г.

World's End Girlfriend

World's End Girlfriend, или скратено WEG, е едно од моите понови музички откритија годинава (океј, ве молам сеа немој да почнете со тоа дека WEG е passe, и дека вие со години ги слушате по дома, што ви здосадиле веќе).

Ни самиот не знам како дојдов WEG. И не знам како би ја опишал музиката на типов, Katsuhiko Maeda. And since writing about music is like dancing about architecture, еве еден клип па доколку ви се бендиса, прочепкајте по нетов, торенти и симнете што сакате.