среда, 15 мај 2013

A big boobed ninja girl, a Lamia girl and a Ghost rider cop walk into a bar...

Ова не е виц. Иако би сакал да е. Сепак ликовите кои ги наведов постојат во својата респективна фикција. Не. Не се во истата приказна. Иако би сакал да се. For more lolz. Ама што е, тука е. Иако секој од нив има своја посебна приказна во поинаков медиум, сепак не ги прави помалку забавни, на треш и ecchi начин.

Да, ова е текст за рецензирање ecchi работи.




"Надарената нинџа девојка" е Чифуса, главна хероина во Manyuu Hikenchou. Manyuu не води во феудална Јапонија, во Едо периодот. Едо веднаш асоцира на самураите и нивното владеење. Но овде има разлика. Многу голема разлика. Самураите не владеат, бидејќи нивното место го имаат завземено девојки со големи гради.


*LE GASP*

Да, добро прочитавте. Во оваа верзија големите гради значат се. Девојките кои ги имаат можат да си дозволат се во животот - тие се најбогатите девојки во општеството, тие влијаат врз економијата, тие можат да си ја обезбедат најдобрата храна, најдобрата облека, повлекуваат значајни политички одлуки и никој не им може ништо бидејќи се заштитени "ко мечки во планина". Девојките кои немаат големи гради живеат во голема сиромаштија и никој не ги смета за луѓе (дури и семејствата се откажуваат од своите ќерки ако не дај боже ќерката е "даска"). Главниот виновник за ова е нинџа кланот Манју. Со генерации тие придонесуваат која девојка ќе живее на висока нога бидејќи тие ги поседуваат тајните свитоци кои содржат упатства како една девојка треба да стекне големи гради. А тие свитоци се пренесуваат само на наследникот на водачот на кланот. Чифуса е наследникот. Но наместо да ја продолжи традицијата на кланот, таа ќе направи нешто спротивно на нивните правила - ќе ги украде свитоците со намера да овозможи сите девојки во кралството да го имаат статусот кој го уживаат "надарените" девојки. Придружувана од Каеде, која во Чифуса гледа инспиративен лидер, тие одат на различни места, исправуваат неправди направени од привилегираната класа и се кријат од асасините кои татко и ги има испратено.



Веројатно делува како стандард ecchi наслов, со преобилен фансервис and all that jazz, но ова е прв ecchi наслов кој ги прикажува женските атрибути во ново светло. Кој би помислил да направи серија каде женските гради се главен двигател во општеството и начин да се влијае на политички, економски и општествен план? Кој би помислил од нив да направи смртоносно оружје - не се зезам, во една епизода еден асасин ги користи своите гради како хипнотизер кон Чифуса како би и го парализирала телото. Кој би помислил да направи серија каде имањето/немањето е прашање на живот и смрт и е неисцрпна хорор инспирација - има епизода каде во едно село девојките исчезнуваат во текот на ноќта, за потоа да се разбудат на некоја пољана без нивните "дињи" (не во смисла да се отсечени, туку едноставно исчезнати, како воопшто да не биле таму). Кој би помислил да ги искористи објектите на една површна тема како што е ecchi и ги продлабочи во смисла да се создаде револуција во нивно име која би го променила уредувањето на една држава од корен? Со гуглање на насловот доаѓаме до името на креаторот - Хидеки Јамада. Господине Јамада, од името на сите машки и лезбејски фанови на ecchi ти благодариме што ни даваш просветлувачки увид таму кај што човек мисли дека нема.



ПС: Чифуса исто така има натприродна моќ да ги зголемува или намалува градите на било која девојка, so there's that.

Me too, Patrick, me too.

Нешто не сте задоволни? Сметате дека има нешто подобро од Manyuu? Барате нешто позачинето? Look no further! Девојката Ламја може да ви го понуди вистинското во A date with a Monster Girl. Секој од нас слушнал за митски суштества како медузи, минотаури, кентаури итн. Испаѓа дека тие суштества навистина постојат, а нашите влади цело време знаеле за тоа, се до денот кога се решија тоа повеќе да не биде тајна. Владите носат одлуки тие суштества да се интегрираат меѓу обичниот народ и за таа цел го донесуваат законот за културна размена помеѓу видовите, според која владини агенции ќе ги сместуваат суштествата кај разни домаќни. Еден од тие домаќини е Кимито Курусу, кој е принуден од агентката Смит куќата да ја дели со Миа, девојка - ламја (полу човек - полу змија). После некое време заеднички живот двајцата се имаат добро прилагодено еден на друг, а Миа се има вљубено во него. Но во законот стои забрана за интимност помеѓу двете врсти, па така Кимито и Миа мора да се воздржат од мрсење. Нештата добиваат неочекуван пресврт кога забраната се повлекува, и не само тоа - агентката Смит му наложува на Кимито да прими нови станари во својот дом, а тие се -  несмасна и наивна лоли харпија, воинствена и лојална кентаурка, девојка која е во "течна состојба" и емо сирена. Но тоа не е се - забраната за интимност се повлекува, што значи дека нема повеќе пречки помеѓу Миа и Кимито, но тоа значи и зелено светло другите девојки да го земат за себе, а бидејќи митските девојки имаат делумни животински карактеристики, а животните знаат да бидат територијални и гледаат на секоја конкуренција како опасна закана, очекувајте многу заткулисно смешни игри позади грбот на Кимито.

 
 
Третиот лик (Ghost Rider cop) личи баш на тоа и се одзива на името Inferno cop од истоимената серија. Не е ecchi, но е преполно со легендарни моменти. Приказната е следната - Џекнајф Еџ Таун е град на криминалот, нешто како Готам сити, само без Бетмен. И додека полицајците повеќе сакаат илегално да симнуваат аниме серии наместо да служат и штитат, Inferno cop сериозно си ја сфаќа работата. Inferno cop е полицаец кој се враќа од пеколот со цел да им врати мило за драго на сите шлајмови во градот кој го штити. Но во мрачните улички на градот, сите се по неговата глава... вклучувајќи новороденчиња, судија во хулахопки кој се вика Superhero Judge, зомбија, праисториски луѓе, ФБИ и роботска реплика на Inferno cop. Тие се командувани од страна на тајната организација The southern cross кои знаат дека само Inferno cop Може да им ги помати работите со владеењето на светот во сенка.



Драгоцен совет - немојте да го проценувате Inferno cop како сериозна серија. Inferno cop е  создаден од Хиројуки Имаиши, коосновач на студиото Gainax и еден од креаторите на Tengen Toppa Gurren Laggan и Panty and Stocking with Garterbelt. Добро знаете што ќе очекувате.


Сите сакаме добра "food for thougt" аниме/манга серија од земјата на изгрејсонцето, но вакви серии не потсетуваат зошто ја сакаме аниме индустријата на прво место - можноста да создаде нешто ептен блесаво и бесмислено, а да е најдобрата МекДоналдс џанк храна за мозокот. Остани ни блесава, Јапонијо, и не се менувај.