понеделник, 05 мај 2008

L

Само што дознав дека во февруари излегол нов филм поврзан со манга серијата Death Note, а го обработува најкул ликот L (се чита: еру). Филмот се вика L: Change the WorLd и колку што разбрав има сосем различна фабула и ликови од тој со нотесот.



Јас се заљубив во оваа серија (Death Note) уште на првите страници на мангата и на сите што ја немате прочитано, а отсекогаш сте сакале Шерок Холмс причици, логички загатки и задачи, топло ви ја препорачувам. On line може да ја читате тука.
Откако ја прочитав мангата го симнав и анимето (ако ја чувам листата на епизоди на рапидшер, после ќе ви ја прикачам) и исто беше супер. Боите и сенките му даваат нова димензија, а музиката и режијата се сосем на место.

Знам дека има и live action movie во два дела, ама според инсертите што ги гледав на јутјуб не ме врза. Но откако прочитав дека плотот е малку изменет и работите се малку повеќе како што ни одговараат ;) решив еден ден да го гледам. Може тоа да биде и во Точка на јапанорама, ако некој го има да го споедели.

Како и да е, постов е за најновиот Death Note сиквел, кој не е поврзан со главната приказна, но според изгледот на трејлерите ќе е нешто супер. Особено ме радува што е за L и само за L и го нема Раито :)). И особено ми се допаѓа тоа што овој L (живиот) ептен личи на цртаниот L.

6 коментари:

poljaff рече...

Јас го сакам Јагами Раито!!!! (Да, да, јас сум глупавата плавуша Анаме Миса ;) Ај, ако викаш дека ќе биде добар само со Еру...

Icy рече...

Hmm, ne mi se svigjaa prethodnite 2 filma, moze zatoa shto go imam gledano animeto, malce mi ja unishtuva prikaznata. Kako i da e vredi da se vidi samo zatoa shto poim neam vo koj period kje se sluchuva dejstvieto. Pred Kira ili za vreme na. Dobar predlog za sobiranka kako i da e. Neli ako moze da se nabavi. :D

Bi рече...

Ако го нема на мининова, никаде го нема:. А го нема :(

Ќе си почекаме една година, како што чекаме на вториот дел од блич.

Marya San рече...

Мангата е одлична!
Го имам дома анимето, и никако да дојде на ред...

まるこ水 рече...

ERUUU! Pa toa e eruu ! Hehe drago mi e sto nekoj go gledal i cital Death Note. Mangata ja imam citano i verojatno ova e edinstveniot slucaj kade animeto povekje mi se svigja. Animacijata is JUST BREATH TAKING ! AHH Gosh *bira nekoe japonsko smajli da vmetne hmm* (^o^)/~~~(^o^)/~~~(^o^)/~~~

X
MarukoMizu (aqua)

Buljo-San рече...

Ц ц ц ... како не бе , најкул ..
Буљаши се сите „позитивни“ ликови по дефолт. Никаква идеја немаат , увек носачи на дејството се негативците.

Not to mention - глупите навики за седење со нозе на фотеља , и нон стоп јадење благо .. не за друго , деца ќе го гледаат и ќе се научат на лоши навики :)

Раито владее. И мене да ми падне такво тетратче у рука , прво името на Би ќе го напишам .. чисто да пробам дали „работи“ :)

А филмчето ... it`s damn good news.