четврток, 22 мај 2008 г.

Изложбата на Маруко – почеток кој многу ветува

Иако дел од делата ги имав видено на deviant art, гледајќи ги во нивната оригинална форма во специфичната атмосфера на кафулето Чипка, се добива сосема нов впечаток и едно сосема поинакво доживување на истите. Моите впечатоци ќе ги пренесам, пред се, од аспект на љубопитен набљудувач.

Она што ми падна во очи, е начинот на кој делата комуницираат со набљудувачот. Тажниот замислен поглед на ликовите од повеќето од делата, ни открива дел од интимата на авторот, кој го бара своето место под сонцето од една страна, но од друга страна, со талент кој ја надминува неговата фактичка возраст, си го трасира патот кон успехот. Изложбата беше еден вид на автопортрет, преку кој присутниот ненаметливо открива кој всушност е авторот, и што е она со кое тој секојдневно се бори во неговиот внатрешен свет, а кое толку многу сака да излезе од него... и сето тоа пренесено преку manga style цртеж, на огромно задоволство на сите нас присутните.

Во иднина, очекувам уште поголеми успеси, на теми кои ќе зреат заедно со авторот и ќе се одразуваат на неговото творештво, а сите ние останатите ќе се гордееме и радуваме затоа што токму една ваква личност е дел од нашите редови. Во секој случај, изложбата и повеќе од доволно придонесе за разубавувавње на нашата Јапанорама.

Update: Слики од изложбата на Маруко и од членовите на групата (како и дел од авторите на блогов) може да видите тука.

4 коментари:

Marivche рече...

Сега е комплетно!
Фала за апдејтот за сликите!;D:)))))

Mižimakov рече...

Arigatou gosaimsu!

I am really fletered XD
Среќен сум што сепак појдовте на свое патување со помош на моите „слики„

Mižimakov рече...

*btw ic ne sum fotogenicen XD *

Poljaff рече...

Јас се сложувам со насловот дефинитивно "почеток кој многу ветува". Иако во мал број, делата на Маруко, сосема јасно го опишуваат стил кој сеуште помалку несигурно, е во потрага по себеси. Приказните позади сликите се јасни, јасно се чита моќта на авторот за анализа на ликовите. Цртежот е оригинален и препознатлив - добар правец за надградба и израстувастување во одличен mangaka.

@Maruko - *btw, баш си фотогеничен ^_^*