сабота, 24 мај 2008 г.

Јапанорама No.3 - бизарна рефлексија на слики од потсвеста

Сликата зборува многу повеќе од самите зборови. Таа успева да ги долови нечујните делови на нарацијата и дијалогот, кои многупати се круцијални во толкувањето на вистината и на есенцијата. Во атмосфера на исчекување, започна нашата пловидба по лавиринтите на сонот, испреплетени со силна симболика, проткајана со митолошки, религиозни и надреални елементи. Искрено, целото време пред очи ми излегуваа сликите на Bosch, на кои најмногу ме наведуваше карактеристичниот безвременски лик на девојчето, демонските статуи и целата атмосфера.

За целото време, во главата на гледачот се јавува тивката фрустр
ација на перцепцијата на доминантното сивило на опкружувањето, кое е сетирано во еден напуштен и зафрлен град, кој на моменти се чини дека е под вода, како некое длабоко, во потсвеста,закопано сеќавање. Единствено нешто што претставува референца за потврда на скаменетоста на целата околина е егзистенцијата на девојчето, кое има мисија да го одгледува и чува ангелското јајце. Нејзината оддаденост на тоа е толку голема, што во ниеден момент не го доведува во прашање своето делување, и покрај секој обид за разнишување на истото, од страна намистериозниот човек кој ненадејно, но според мене ни најмалку случајно, влетува во целата таа мрачна и придушена атмосфера. Кршењето на јајцето е симбол на почеток, симбол на трансформација и еволуција на самата личност. Симболиката е насочена кон дејствијата кои се случуваат секому длабоко во потсвеста, која не секогаш дава логични констелации на лица, места и настани, а сепак изобилуваат со надреални, а кај некои и со религиски моменти. Филмот како да претставува бегство од денешниот свет на материјалните вредности, каде владеат законите на суровата логика и логичкото следство на нештата. Тој се издига високо над тоа ниво, укажува на динамиката на скриеното делување на потсвесното, каде се рушат сите конвенционални законистости.

Беше вистинско задоволсвто да се види огромната посетеност и на оваа Јапанорама, што укажува на тоа дека нашево поднебје навистина има потенцијал за стварање на трајни вредности и вкоренување на традиции. Се надевам дека вака ќе продолжиме и понатаму, во Точка и наредната недела.

6 коментари:

Random nobody рече...

Зашо тој баткото го скрши јајцето ?

Mižimakov рече...

Јас мимслам дек многу добро анимето ја следеше идеата на мојата изложба. Таа прогонатост од оваков материјален свет и заштитување на та последна надеж која ти останува. Са мрачната атмосфера да не зборам...

Bi рече...

Сакав баш да напишам анализа на филмот, ама икако да најдам време. Се надевам ова нема премногу да застари дур да го најдам :)

Инаку супер осврт, ама ми фалат слики.

Marivche рече...

За слики, ја ставив само оваа од Бош, за да ми разбие малку монотонија, пошто ме потсети на сцените од градот заробени во тие чудните шишенца што ги имаше насекаде... инаку оригинално требаше да оди само текст. Ова е само чисто моја перцепција на анимето,а ако се расправа за симболиката сигурно би требало многу повеќе простор... a и тие толкувања може да бидат доста субјективни...
Ете, покрај тоа што се појавува во филмот, Бране не стави на мисла со анимево:))))))))))))))))))))))))

FiGi рече...

многу сум разочаран од организацијата
на оваа јапанорама,како можевте да заборавите да напраите превод на македонски,срамота :P

Marivche рече...

Абе Фиџи... не дека имаше некој дијалог анимево... шо се жалиш па и ти сега :P))))))))))))))