недела, 25 мај 2008

FLCL - аниме мини серија

Некои велат дека оваа серија им е интересна поради брзото темпо. Јас повеќе би рекол дека тоа се должи на неконзистентноста на темпото. Нерегуларната промена на брзина на настаните.

FLCL или пак Fooly Cooly (википедиа) е мини серија од 6 епизоди која следи едно 12 годишно момче Naota и неговиот пат кој созревањето.

За разлика од повеќето аниме серии или играни филмови што сум ги гледал, FLCL прикажува многу повесела престава за животот. Без разлика дали се работи за катаклизмични настани или пак за едноставно бизарни нешта. Суптилно спакувано во нешто повеќе од 2 и пол часа, оваа мини серија ќе ви постави повеќе прашања одколку одговори. Но, кој рече дека треба да биде сé одговорено?

Поради должината на ова дело, претпоставувам дека не би било хумано да се прикажува на Јапанорама. Сепак, строго го препорачувам на луѓе кои сакаат да видат нови ставови и малку подинамична симболика. Лесно може да го најдете. Ако не сте снаодливиот тип на луѓе, побарајте копија од мене.

И за крај: предупредување! Доколку почнете да го гледате со било каков вид на скептичност, престанете! Само ќе си го потрошите времето. Во било кој друг случај, ви посакувам да уживате во гледањето на оваа мини серија, исто толку колку што уживав јас.

2 коментари:

poljaff рече...

На мојата листа, во "plan to watch" статус...

Bi рече...

Веќе пуштен торентот ;)

еве линк и за другите:
http://www.mininova.org/tor/1109407