Четврток, 08.05.2008, 21 часот во К.Ц.Точка
(Слушај музика од филмот)
Ги знаете ли оние филмови по чие гледање се чувствувате како да сте биле на долго и прекрасно патување, а тоа чувство не ве напушта неколку дена?
„Девојчето кое скокна низ времето" е еден таков филм, во кој може да ги пронајдете вашите најдлабоки, скоро архетипски, спомени за некое долго убаво лето.
Покрај визуелната магија на постојано синото небо прошарано со огромни меки кумулонимбуси и носталгичната музика, филмот ни прикажува една постојано интересна и непредвидлива приказна со многу пресврти и силни емоции. Иако името сугерира научна фантастика, главниот двигател е личноста на девојчето (Макото) заплетканo во комплексниот развој на пријателството и љубовта во самракот на детството.
Филмот има освоено многу награди на повеќе јапонски и интернационални фестивали,
од кои можеби најзначајни се оние кои го прогласиле за анимиран филм на годината,
а најпрестижна е онаа која ја доделува јапонската академија (еквивалентна на американскиот оскар).
Базиран е на новела за возрасни од шеесетите, но преработена и прилагодена според модерните навики.
Овој филм ќе го гледате во рамките на првата епизода од македонската Јапанорама во четврток на 8ми Мај 2008 од 21 часот.
Овозможено од Japan@mk во соработка со К.Ц. Точка, а поддржано од Метаморфозис.
Режисер: Хосода Мамору
Анимација / Јапонија / 2006 / 98 мин
Погледнете го трејлерот
И официјалниот сајт на филмот
вторник, 6 мај 2008 г.
Девојчето кое скокна низ времето - незаборавно аниме кое ќе ви го стопли срцето
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
4 коментари:
Промоција на facebook/events на нашата прва Јапанорама
http://www.facebook.com/event.php?eid=13500562433
Се надевам ќе биде од корист...
"..самракот на детството.." хахаха :)
адолесценција е излитен збор ;)
Баш ми е мило што некој ја забележа фразава.
Ќе се плаќа или?
Објави коментар