Sensu и Uchiwa... Ги обожувам поради нивниот несекојдневен дизајн и практичната намена во летните денови. На македонски, пандан на овие два термина би биле лепеза и ладало. Инаку, sensu-то во Јапонија
активно се користи од VII век, најпрво во вид на hinoki ладалки, направени од ендемскиот вид на чемпрес Chamaecyparis obtusa. Подоцна, хартиените sensu се прават со инсертирање на хартија на скелет направен од бамбус, кој едноставно се собира.

Најголем подем производството на sensu-то, доживува во Kyoto, како долгогодишен политички и културен центар. Биле многу брзо прифатени од страна на благородништвото, за чии цели се создале прекрасни дизајни на декорации. Во XIV век, благородништвото дури нарачувало sensu-а за да бидат во тренд со Noh и Buyo, a подоцна и за церемонијата за чај.

И ден денес, се вели дека старите луѓе во Kyoto веруваат дека ладалките се користат правилно, само доколку се ладат други луѓе со нив, а не самиот себе. Со тоа, тие претставуваат начин да се искаже почит, благодарност и наклонетост кон некого. Не случајно се вели дека тие се хармонична комбинација на декорација и практичност, која претставува поврзување со минатото и традицијата, а и многу корисно средство за нашиве топли лета.
Сепак, овој линк укажува на тоа дека и деликатна работа како ладалката може да биде опасна и смтроносна, ако се употребува во вистински раце.
Нема коментари:
Објави коментар