Оваа недела, Јапанорама продолжува со уште едно аниме, кое по својата атмосфера е продолжение на денешната изложба на манга цртежи на младиот Маруко во Чипка.
Ангелско јајце (Angel's egg) е длабок и надреален анимиран филм.
Напишан e и режиран од креаторот на познатиот сејберпанк класик „Ghost in the shell“, Mamoru Oshii, и од многумина е сметан за ремекдело.

Филмот изобилува со симболика, како и референции од различни митологии, а целото дејство се гради врз малку дијалог, многу музика и многу повеќе визуелна динамика.
Најинтересно е што за филмот не постои официјално издадено објаснување за неговото значење, што го прави повеќе да наликува на големите дела на мајсторите на уметноста.
Филмот е од 1985 година, но анимацијата е фасцинантна при доловувањето на реалното помешано со имагинарното и симболичкото.
- Рејтингот на IMDB му е 7.6 /10
- Трае 71 минута
- Тука погледнете монтирани инсерти од филмот со музика од Бјорк
Нема коментари:
Објави коментар