Кулата е цел на потполна дигитализација на јапонската телевизија во која се вклучени 6 големи TV станици, меѓу кои и NHK. Исто така, со неа ќе се подобри и достапноста на дигиталната ТВ емисија за мобилните апарати во Јапонија, која е започната пред скоро 4 години. Со својата висина, кулата ја надминува „шумата“ од супер-високи облакодери на Tokyo, а за нејзино непречено функционирање околу неа се гради „град“ во радиус од 400м.
Претпоставувам дека на сите ви е добро позната кулата на Tokyo, висока 333м, која моментално испраќа 14 аналогни и 10 дигитални сигнали и претставува туристичка атракција уште од 1958 година. Искрено се надевам, покрај својот помлад брат, Tokyo Tower нема да ја изгуби популарноста меѓу јапонските и странските туристи.
3 коментари:
Основите на кулава се вери аикидо лајк :)
А Tokyo Tower има сентиментална вредност која никогаш нема да може да се надвиши :) <3
И мене ми се допадна преминот од триаголник во круг, perfect :)
А и ова новото не е лошо - замисли од 450м да го гледаш ЦЕЛО Токио ^^
Посебно моментот шо Tokyo Tower е градена врз гробишта или некој друг тип на сакрално место :)
Објави коментар