Личи на некоја неизлечива ментална болест, ама верувјте ми не е. Станува збор за нова книга од Tiffany Godoy, креативен консултант, која решила да направи своевидна хроника за уличната мода во Токио, и тоа во делот кај Harajuku, или како што го нарекуваат "Токискиот стилски епицентар" - огромен лавиринт полн со бутици, продавници, кафулиња и луѓе. Намерата на ова дело е да му ја укаже на Harajuku должната почит кон неговиот придонес во креирањето на јапонската и глобалната улична мода. Авторката насловот го објаснува со тоа дека големите скокови од стил во стил во овој дел се толку очигледни и дека тие не дозволуваат долго задржување на определен стил, туку тенденцијата е кон рапидно пребегнување кон и голема "жед" за се понови стилови.
Godoy својата кариера во главниот град на Јапонија ја има мошне добро вклопено во нејзинава книга, работејќи и како уредник и како моден консултант и познавач, а во својата контакт листа дури ја има и Patricia Field. Книгата ја започнува со историски осврт на самиот дел, со соодветна мапа, па преку најпознатите стилисти и фризери, до тематските облеки на младите. Книгата изобилува и со фотографии на огромно задоволство на љубителите на уличната мода. Во посебен оддел даден е феноменот Gothic Lollita, каде Маriko Suzuki дава солиден опис за потеклото на истиот, како и за visual-kei и неговото значење и придонес.
Официјалниот сајт е во изградба, но сепак на овој клик може да пратите што се случува.
Нема коментари:
Објави коментар