Во услови на зголемена потреба од неквалитетни шеќери во овој период (ова зборам за себе), решив да видам што точно се купува во Јапонија за оваа цел, како пандан на напливот на турски слатки ствари кај нас. Постов ќе ги обедини традицијата и новото време, па затоа за почеток малку за јапонските традиционални слатки ("бонбонЌи").
Традиционални јапонски слатки се wagashi-тo, направени најчсто од шеќер, овошје и пире од азуки грав (azuki beans). Термички не се обработуваат, а и не се јадат во големи количини, обично како додаток на нешто друго (со matcha ит.н.), бидејќи и немаат некој особен вкус. Сликата прикажува namagashi, кои се меки и се прават од желе и пире од азуки грав, додека има и еден друг вид, кој се нарекува higashi, кои пак се суви, се прават од шеќер во прав и траат долго, а се служат при церемонија на чај (јас уште си го чувам моето higashi во вид на sakura).
E сега доаѓа занимливиот дел... следува листа на позанимливи слатки кои се актуелни во Јапонија, а ми оставија впечаток, и тоа:
1. Death note apple cookie - колачиња од јаболка со супер вкус како одговор на Death note манијата...2. Glico Watering Kiss Mint Gum - Peach Mint Pink - бонбонќи кои подолго време се на јапонскиот пазар, а се за сите оние кои патат или мислат дека патат од "хроничен миришљав здив".
3. Meiji Chocori - Mild Chocolate - чоколатца во стилот "со чисти раце" затоа што се "лапни голтни".4.Glico Breo - Peach Mint - таблетки кои наводно го чистеле јазикот "Freshens your breath and leaves your tongue so clean that you'll want to stick it out to show everyone like they do in the CM's "... Замислете
5.Lotte Pie no Mi - Apricot Mango Dessert Flavor - пудингче од кајсија и манго... not bad...6.Meiji Takoyaki Shop Gummy - takoyaki (ама ова е со карамела) со упатство за употреба, односно за ад хок препарација на благцето. 7.Meiji Dice Caramel *New Package* - пакетов го нарекуваат "yummy taste from Japan's past". Карамелки во коцки... 8.Sakuma Drops Candy - овие се оние што се спомнуваат во "The grave of the fireflies" 9. Ramune Bottle Candy - бонбони со вкус на лимонада, кои се базираат на познатиот Ramune јапонски пијалок (или лимонада ако се преведе)10. И за крај, Кit kat Sakura - нема потреба од објаснување... сакам ваквооооо... и тоа другото е ок... да нема забуни:)
На овој сајт може да ги видите сите актуелни слатки, па и снекчиња во Јапонија клик.
Оваа прилика ја користам да ги поздравам: Dorina чоколадата со бисквити, Топ кек со чоколадо, целокупниот асортиман на Kit Kаt производите, едни турски колаченца со М&М's одозгора, кои не знам како се викаат, ама се многу фини, Тwix-от и Bounti-то, Biskrem-от и Tutku-то и еурокремот на Swiss Lion (бившо Таково).
Ајде од утре диетка :P
3 коментари:
:)
Си лапнала две букви во текстот...тоа значи дека навистина сум го читал со целосно внимание :P....а и дека колачињава отвараат апетит :D
..интересни работи иако не сум многу по благото
Sakura KitKat !!! Toa e toa ! Iako mene i tie so azuki garant ke mi se dopadnat.. mmmm, legume cookies :)
Vlatko, едната е печатна, другата е синтактичка... барем тие шо ги најдов јас:)))))))))))))
А kiwi тоа Кit kat-oт со Сакура - моја неостварена желба:))))))))))
Објави коментар