понеделник, 7 јули 2008 г.

Забавните јапонски ТВ шоуа и во Америка

Сите ги знаме добро Јапонските откачени ТВ шоуа, со ептен откачени натпреварувачи и уште пооткачени предизвици.

Како што пишува New York Times, Американците, се спремаат да ги продуцираат јапонските batsu игри / игри на казни и понижување /, кои во Јапонија го слават духот на посрамување и способноста да се смееме на самите себе.

Во Јапонија ова се игри на гордост и чест, додека во Америка, напреварувачите би се "глупирале" за крајна награда од 250,000.00$. Познато, нели?

ABC Network на 24 јуни го промовираше нивното I survived a japanese game show, a Fuji television веќе ги продаде правата за Human Tetris на FremantleMedia - само сигурно нема да изгледа вака, со Американци наместо Јапонци...

Во меѓувреме, насмејте се слатко... зашто тоа е целта, нели?







2 коментари:

Jovan рече...

Zakon.. Samo neznam zashto go nema gaki no tsukai na spisokov. Shou koe i toa kako dobro proagja vo amerikanska verzija na mtv kako fist of zen.

Poljaff рече...

Можеби затоа што Fist of zen е британско шоу... и натпреварувачите добиваат по напр. 100 фунти, па ова I survived a japanese game show му доаѓа на американците као премиерно нивно шоу.