среда, 9 јули 2008 г.

Позајми па врати

Одамна немам пишано, ама оправдано е - немам интернет дома (Т_Т).

Така да и овој пат ќе биде на кратко.

Една работа поврзана со Јапонскиот менталитет, која повторно ме фасцинира и толку е идеална што се граничи со невозможност. Во некои од токиските железници постојат подвижни полици кои наликуваат на оние автомати за пијачки, храна или кафе, но се нешто поголеми и се за книги. Главната разлика од „vending machines“ на овие направи е тоа што книгите кои се наоѓаат внатре не се поставени позади некое стакло туку се достапни за секого и не се наплаќаат.

Финтата е во тоа што концептот на овие полици е книгите кои се внатре да бидат достапни за секого, така што секој кој ќе земе книга откако ќе ја прочита треба да ја врати на истото место. Замислете ова функционира. Тука од изворот прочитав дека некои луѓе кажуваат дека овој концепт се пробал и во Шпанија, но сите книги исчезнале и никогаш не се вратиле. Мислам дека слично би било и тука :)

Од сето ова мене ми се отвара прашање: што е тоа што всушност ги држи јапонците да не отстапуваат од принципите, па дури и кога постои голема шанса да не бидат казнети доколку не го прават тоа?

4 коментари:

Poljaff рече...

Да, да, кај нас дефинитвно би ги разграбале книгите во првиот момент кога ќе го видат ова чудо :))) Македонски менталитет - шамар да е, муфте да е :)))

Zoe da Dog рече...

ах, разлики...

туку еве еден пример за книги и Македонија, т.е. Скопје:

на оној настанот на плоштад со филхармонија и двајцата ДЈ-и од Њујорк, нели се делеа бесплатни книги - 20.000 за сите да има. Меѓутоа, кога отидов и побарав - НЕМАШЕ ниту една, а на плоштад имаше најмногу 7-8000 луѓе. Најпрво помислив дека лажат за бројката, ама потоа дознав дека биле видени многу девојчиња, момчиња, мајки, татковци дури и со по 5 книги во рака :Ж :Ж :Ж ... а се делеше само 1 иста книга....

п.с. Би, ме измачи со ова кирилицава ;))

FiGi рече...

da da,kirilica sux :P

Marivche рече...

Ех, наши драги Јапанци.... они се друга димензија, друга галаксија... секоја чест...