среда, 16 јули 2008 г.

Љубам чопстикОВЕ - или hashi наместо конвенционален прибор за јадење

Точно... од многу одамна ги користам како прибор за јадење, нормално, за наши јадења кои дозволуваат употреба на chopsticks. Посебно добро ми служат за шпагети, и во принцип, ако немам chopsticks тешко се решавам да јадам, затоа што искрено, никогаш не ми било јасно како се користат вилушката и лажицата во комбинација за "делкање" шпагети.
Потекнуваат од Кина, од времето на династијата Шанг (1600-1100 г. п.н.е). Се изнасмеав на фактот дека етимолошки, зборот chopstick произлегува од "chop-chop" или "брзо-брзо". Нашите драги Јапонци, chopsticks-от ги нарекуваат hashi или otemoto. Варираат од мали до hashi со средна големина, а исто така и женските и машките се разликуваат по должина, (едните се пократки, другите подолги респективно). Има и hashi за дечурлана, кои исто така може да се најдат во продажба.
Она што сакав да го споделам тука се манирите кои на кои треба да се внимава, односно работи кои не треба да се прават додека се јаде употребувајќи chopsticks. Значи, постојат повеќе ситуации кои покажуваат недостаток на манири, и во продолжение се дадени со оригиналните називи:
1. Mayoibashi (indecisive hashi) - беспотребно мавтање hashi-то поради неодлучност што да се земе наредно.
2.Utsuribashi (capricious hashi) - земање еден вид на храна, а после во наредниот момент премислување и земање на друг вид на храна од чинијата (муи фрики, ај маст сеј)
3. Yosebashi (drawing hashi)- повлекување на зделата кон себе со помош на hashi-то.
4. Kakibashi (shoving hashi) - држење на зделата блиску до уста и неконтролирано пикање на ориз со hashi-то. (ова у фазон диши мало)
5. Komibashi (stuffing hashi) - дополнување на веќе полна уста со јадење со помош на hashi-то. (лаком г'з трагедија)
6. Kuwaebashi (holding in mouth hashi) - затворање на устата околу краевите на hashi-то.
7. Neburibashi (sucking hashi) - шмукање на врвовите на hashi-то.
8. Saguribashi (stirring hashi) - мешање на супата со hashi за да се добијат некои намирници?!?!?!?!(wtf)
9. Namidabashi (crying hashi) - не смее да капе супа од врвовите на hashi-то додека се поместуваат.
10. Sashibashi (piercing hashi) - бодење на храната со hashi-то.
11. Yokobashi (adjacent hashi) - користење на hashi-то како лажица, држејќи ги паралено споени.
12. Tatakibashi (beating hashi) - удирање на врвовите по страната на зделата, за да се привлече внимание (у амерички филм коа свекорот сака да им честита на младиве за свадбата па тропка по кристалната чаша, и тоа увек со вилушка...)
Кога не се користат, треба да се стават по страната на чинијата, и никако не смее да се забодуваат во ориз, бидејќи тоа се прави само на гробишта во чест на мртвите предци кога според будистичките обичаи, им се нуди ориз... Исто така не треба да се подава храна директно од hashi на hashi, затоа што еден друг погребен обичај подразбира подавање на изгорените коски од човек на човек, па си направиле несреќна паралела. И некултурно е да се покажува на нешто или кон нешто со hashi-то, а и не треба да се мавта во прзно со нив.
И на крај, ако ви се смачи, односно ако имате потешкотија да ги користите после извесно време, барем за нас девојките еве една добра солуција. Замислете, јас имам исти такви дома, ги добив на подарок.

2 коментари:

Poljaff рече...

Леле, супер е постов!
Големата моја болка... што незнам да јадам со стапчиња. Мarya-san, be my sensei :)Би проба да ме учи еднаш, само еднаш....

Marivche рече...

Немаш гајле! Мојот успех како хаши(ш) сенсеј е стопостотен...
Ајде, ќе се организираме, мислам дека многу брзо ќе getнеш a grip на техниката! :)