среда, 9 април 2008 г.

Сакура во Скопје

Задоволство ми е да ве известам за празнувањето на Сакура во Скопје кое ќе се одржи оваа сабота во 12 часот.

Јапонскиот фестивал на цветање на црешите во Скопје се организира од претходната година и се надеваме ќе прерасне во традиција.
Местото на одржување е улицата Максим Горки на која растат јапонски цреши во центар, кај Лондон кафе.

На приредбата ќе има демонстрација на јапонски боречки вештини од Самурај доџо.
Самурајски вештини кендо и иаидо, како и карате и џуџитсу.
Но и други доџоа и клубови ќе се претстават со аикидо и џудо.

Потоа, на бамбу флејта ќе свири дипломец на музичката академија Милан Симовски.



Гостинка Јапонка Нахоми Нишио ќе пишува канџи со калиграфски прибор односно ќе демонстрира јапонска калиграфија.

Мира Беќар и Татјана Ранташа ќе им покажуваат на луѓето од публиката како да си направат самурајски капи и жерави со помош на јапонската вештина оригами.

Господинот Владимир Мартиновски ќе се претстави со читање на хаику поезија од јапонски и македонски автори.

А исто така на публиката ќе делиме и картички на кои ќе бидат испишани некои основни реченици на јапонски со македонски превод, а и Виталиа ќе ни се придружат со делење на комбуха и комбуха бонбони.

Покровител на настанот е град Скопје, а поддржано е од јапонскиот конзулат.
Организатор е центарот за јапонски боречки вештини и култура „Самурај доџо" и Македонската кендо и иаидо федерација.

Ве очекуваме во голем број на најубавата улица во Скопје во овој период.

2 коментари:

FiGi рече...

mnogu ubo si pominav na sakura,me impresioniraa borilachkite veshtini i mnogu drugi raboti.
respect do organizacija,do slednata godina ;)

Random nobody рече...

А јас ќе бидам(бев) на семинар и нема да присуствувам :)