понеделник, 14 април 2008 г.

Впечатоци од Сакура во Скопје

Еве, откако убаво се одморив да пишам два три збора околу македонската Сакура :).

Многу убаво си поминавме, запознав некои луѓе, некои не ми се кажаа.

Презентациите испаднаа како што треба, а може да се види на галериите кои досега се достапни, а верувам ќе се појават и други.

Еве една на топ нет од Струмјан

и една од волан на неговиот блог

Уште една галерија од neW1 на picasa.

Оригамите беа исто доста успешни, а се изработуваа на три маси. На едната Мира направи рекорд во виткање на самурајски капи, на втората Ранти виткаше разнобојни жерави, а на третата имаше мачиња и други животинки.
Децата беа многу радосни, а многу од нив ги носеа своите самурајски капи за да им се напише името на јапонски кај Нахоми.

sakura

Нахоми па, ги доживеа македонците во полно светло, не ја оставија да дише. Се туркаа околу неа и и бутаа ливчиња под нос за да им ги пише имињата на јапонски а не знаеа да направат никаков ред (како и секогаш), а башка што и го буутнаа и мастилото за калиграфија. Таа беше збунета како тоа луѓето тука не знаат да застанат во линија, но поради својата воспитаност не знаеше никого да одбие. А се појави и еден тип кој се закануваше како тоа он чекал толку време сместа да му напишела и сл. Но тоа повторно зборува за нашиот менталитет, дека луѓето ко ќе добијат нешто бесплатно мислат дека тоа мора да го земат по секоја цена, а и да се налутат ако на некаков начин не им биде веднаш пружено.

Картичките со реченици на македонски и јапонски не се поделија сите, валда луѓето не ја сфатија нивната функција :) ама ете тука ги закачив двата фајла, па кој сака може да си ги симне.

Основни реченици и кодот на самураите

Реченици за Македонија

Хаикуто иако беше многу супер и тројцата гости прочитаа доста песни и од старите мајстори како Башо, а и од наши поети кои се покажале во оваа поезија, нашата публика беше глува. Некои почнаа да си заминуваат или да коментираат како станало досадно.

Последните презентации беа на џиуџутсу, иаидо (тука сум јас) и кендо, кои за публиката беа најинтересни и најнепознати. НО за жал и тука морам да спомнам нешто од нашиот менталитет. На неколку иаидоки (луѓе кои тренираат иаидо) им се случи да имаат непријатно искуство со публиката во однос на нивните мечеви (катаните). Некои без да прашаат ги земале мечевите ги гледале и отварале, а на една девојка и се случило некој да проба да и го тргне од рака бокенот (дрвен меч за вежбање).
Катаната за самурајот е како душата, и тој никогаш не ја дава на никого да ја допира, фаќа или не дај Боже да се размафтува со неа. Иаидоките вежбаат самурајска вештина иаидо со помош на мечеви (катани) и на некој начин го учат и следат кодот на самурајот. Е сега не толку сериозно како самураите, но иаидоките не смеат да ги даваат своите мечеви на другите.
Сега сигурно нашиот народ не знаел тоа, но каде е онаа основна култура да прашаш пред да земеш или расфаќаш нешто туѓо?

Како и да е, се надевам идната година ќе биде уште поинтересно и поубаво, ќе има повеќе случувања, а градот ќе помогне со повеќе отколку само со простор, а конзулатот со повеќе отколку само со поддршка. А ние и вака супер си поминавме, па дури и со нашиот невоспитан и некултурен народ :)

9 коментари:

Unknown рече...

Поздрав и честитки за супер настанов, имаше кратко и на А1, а ги разгледав и сликите..бш штета што не бевме присутни.
А она како изгледаш Би со црната самурајска облека и новата боб фризура... :) Баш ко лик од самурајски филм..

Поздрав!

Bi рече...

Arigato Meri. Следната година се надевам ќе дојдеш :)

neW1 рече...

Одлична организација, секоја чест.
Супер си поминав, се надевам дека настанов ке прерасне во традиција :)

Bi рече...

Баш ми е мило. И фала за сликите.
Само кога си веќе тука да те прашам, смееме ли да ги искористиме за новиот сајт на доџото?

neW1 рече...

Почестен сум искрено, секако дека смеете.
На picasa ставив рандом 60тина фотки со прилично ниска резолуција за да ги постнам на ит.ком.мк.Ако сакате слободно контактирајте ме на мејл, имам отприлика 350, 360 фотки се на се :)
Поздрав, Мартин.

Bi рече...

Кул. Ако си во Скопје може да се видиме, да размениме цд :)

А може и во доџо да поминеш.

Анонимен рече...

може ли да ми пратите линк од сајтот на доџото? поздрав со сите кои вежбаат јапонски боречки вештини

Анонимен рече...

некако не ми оди ова со url-то, постот е од www.zemjainebo.blog.com.mk, поздрав

Bi рече...

линкот на сајтот од доџото:
www.samurai.org.mk
Деновиве треба да се пушти новиот дизајн, па проверувај.