четврток, 10 април 2008 г.
Уште едно ханами во Чиба
Кога стигнав во Јапонија на аеродромот Нарита на патот до куќата на пријателите во Чиба навратив со нив во еден Шинто храм. И тоа беше еден вид ханами за мене, бидејќи цветаа сакура цветовите и локалните луѓе навраќаа да ги гледаат. Бидејќи прв ден и паметот ми леташе на сто страни не ме прашувајте како се вика храмот или каде точно во Чиба се наоѓа (инаку, Чиба се наоѓа до Токио и таму почнува Неуромансер на Гибсон). Затоа, еве само неколку слики, но има и интересна приказна. Овој храм е посветен на еден обичен човек кој се жртвуваше за својата заедница во времето на самураите и шогуните (не ме прашувајте како се вика и кога точно тоа било, се заборавив). Во тоа време обичен човек, односно не-самурај и не-аристрокат ако отиде и го види Шогунот не може да се врати жив. Му ја сечат главата. Но, типот во името на својата заедница отишол да ургира кај Шогунот да ги намали малку даноците за нив, бидејќи биле во криза и немале доволно ни за храна. И така, тој отиде ја пренесе пораката и овие му ја отсекоа главата. Поради овој негов гест до ден денешен го слават неговите сограѓани. Овој гест станал легендарен и го има како лик во кабуки престава и тој е повеќе познат како име на лик од кабуки претстава (кое го заборавив). Еве слики од сакура во храмот.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
Chiba city blues. :D nice
Објави коментар