понеделник, 28 април 2008 г.

Велигденски пост

Khristos shiyori hukukatsushi, shiwo motte shiwo horoboshi,
hakani aru mononi, inochiwo tamaeri.

Во светлината на Велигденските празници еден православен пост :)
Иако овој блог е пред сè посветен на јапонската култура и општество... овој пост е за нешто заедничко што го имаме со јапонците.
Едно кратко запознавање со православната црква во Јапонија, односно Јапонската православна црква.

Да. Постои независна јапонска православна црква која своите корени ги влече од 1861 кога посланикот на Руската православна црква Св. Никола Јапонски го донел православието на Хокаидо и тука во 1868 ги покрстил првите православни христијани на јапонско тло. Православието таму продолжило да се шири, но доживеало три големи кризи: за време на руско-јапонската војна (1904-1905)(за која лично јас прв пат слушнав, во втората светска војна и за време на комунистичкиот режим во Русија, кога истото се случува и со руската православна црква. Сепак, колку и парадоксалнои да звучи, сè се поправило кога американците го зголемиле своето влијание во Јапонија.


Денес Јапонската православна црква постои како автономна, со свој поглавар и седиште во Токио и три парохии:
* Tokyo Archdiocese (Tokyo: Archbishop Daniel Nushiro)
* Eastern Japan Diocese (Sendai: Bishop Seraphim Tsujie)
* Western Japan Diocese (Kyoto)

Исто, во Токио постои и некој вид теолошка школа, и како што прочитав некаде, монашко братство.
Главната црква (таа на сликата) им е посветена на светото Воскресение, била изградена со благослов на тогашниот архиепоископ св. Никола Јапонски 1891, а јапонците по него ја викаат Nikorai-do. Овој светител е доста ценет од јапонските православни христијани, а во негова чест се слави на 16 Февруари.

The image was originally posted to Flickr by Joe Jones at http://flickr.com/photos/17925477@N00/17583028.

3 коментари:

Andrijeski рече...

И јас првпат сега прочитав дека имало таква војна помеѓу Русија и Јапонија (освен светските)

Немам добро мислење за цркви, ама како и да е, добро е што има кај да се запали православна свеќа и во Јапонија :)

Andrijeski рече...

Е да, среќен празник и од мене до сите што го слават :)

Анонимен рече...

こんばんわ : )
はじめまして, わたし は ぞき です ^^
Здраво
Јас сум Зоки од Скопје, и случајно денес го открив вашиот протал за Јапонија, пријатно се изненадив.
Јас сум голем фан на Јапан, имам доста јапонски пријатели,они доаѓаат тука секоја година, бев во Јапонија, учам јапонски. се надевам ќе одам пак таму следната година.
Би сакал да запознаам некои луѓе од Македонија што ја сакаат Јапонија, цело време мислев дека сум сам тука во Скопје..хехе

Мојот емаил е
ikoz003@yahoo.com

па некој ако сака нека ме контактира.

матане
Зоки