понеделник, 14 април 2008 г.

К О Н К У Р С за доделување на две стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Монбукагакусхо) на Јапонија

Во целост ви го пренесувам огласот од сајтот на министерството за образование и наука, кој се однесува на годинашниот конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии и усовршување во Јапонија, овозможени од јапонаската влада.

Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: Времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2009 - март 2011 год.) или 1,5 години (октомври 2009 до март 2011 год.).

б) Последипломски студии- магистратура или докторат, (април или октомври 2009 година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

Стипендиите се наменети за усовршување или последипломски студии во следните научни области и дисциплини:
  • хуманитарни и општествени науки: литература, историја, естетика, право, политика, економија, комерцијално работење, педагогија, психологија, социологија, музика , уметност и сл.
  • природни науки: инженерство, земјоделство, рибарство, фармакологија, медицина, стоматологија и сл.
Заинтересираните кандидати, треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да се државјани на Република Македонија;
  • да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;
  • да имаат стекнато универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2009 год.);
  • да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
  • да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик;
  • да се ментално и физички здрави.

Краен рок за пријавување: 9 мај 2008 год.

Формулари за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации можат да се добијат во
Министерството за образование и наука,
Бул. “Илинден” б.б. - Скопје,
тел 3118 - 022, 3115-324, локал 131.

Јас пробав лани, ќе пробам и годинава.
Ладо проба лани и успеа. :)
Сега ни пренесува како е во Токио.

3 коментари:

Random nobody рече...

Едната јас ќе ја добијам со врски , знаќи само една останува :)

Анонимен рече...

За жал уште во старт морам да кажам дека оваа стипендија во изминатите 5 години се добива само со врски.
Причината е едноставно, во првиот круг на квалификации нашето Министерство одлучува кој ќе влезе во потесниот круг на кандидати и секако никогаш не влегуваат вистинските.
Во изминатите неколку години беа пратени Албанци без познавање на Јапонскиот јазик што е задолжителна обврска за аплицирање за оваа стипендија. Јас го изичував Jапонскиот јазик 4 години и аплицирав два пати за оваа стипендија меѓутоа без никаква причина не добив никаков повратен одговор дали сум примен или не.
Едноставно непрофесионално и безобразно однесување од нашето Министерство...

Анонимен рече...

како одговор на анонимниот пред мене-
многу ми е жал што морам да те разочарам, ама твојава теорија за доделување на стипендијата со врски=нема врска. Тоа ти го тврдам затоа што јас ја добив стипендијата а со министерство не да немам врски него првпат влегов таму кога ме поканија за разговор. Сите вработени таму, заедно со јапонскиот претставник беа исклучително коректни и пријатни со сите. Јапонски незнаев ни за лек, а и не сум албанка така да тоа што го велиш е далеку од точни и причините за твоето недобивање стипендија барај ги на друго место. За жал во Македонија се доделуваат само 2 стипендии а кандидати има многу. Во Бугарија на пример која е 8 милиони жители отприлика се доделуваат 13 стипендии годишно! Така да се надевам дека ние македонските студенти тука ќе успееме да оставиме добар впечаток и воспоставиме добри контакти со Јапонскиве претставници па да пуштат душа за уште 1,2 стипендии за Македонија. Па ако не и една амбасада да отвореа во Скопје, една Белизе има амбасада во Токио, Македонија нема!