сабота, 17 мај 2008

Јапанорама No. 2 - уште една успешна мисија!

Сите дојдовме подготвени да плачеме... Најавата за анимето, а и се она што како информација ни беше достапно, укажуваше на тоа дека пред нас претстои голем предизвик - справување со трагедијата за неизбежноста на случувањата во време на војна. Судирајќи се со мачното и исполнето со борба за опстанок секојдневие на Seita и неговата преслатка топчеста сестричка Setsuko, присутните во Точка не можевме, а да не се соживееме со нив.

Целото аниме се чинеше дека е надвор од овој свет. Во целата таа трагедија, авторите многу суптилно ги имаат вклопено светулките, и нивната тажна симболика, давајќи и притоа посебна мекост на целата ситуација, и можноста барем за момент да ни се одвлече вниманието од војната. Исто така, изобилува со сцени кои од една страна би можеле и да се изостават од анимацијата, но од друга страна тие се мостот преку кој се гради односот на гледачот со самото дело, и преку кои уште пореално и поболно се доближуваа страдањето на двете деца.

Ми се чини дека никогаш нема да ја заборавам прекрасната насмевка на малата Setsuko, која за целото време си живееше во својот детски свет кој не умее даразликува војна од мир, радувајќи им се на бонбончињата и на светулките.

Голема благодарност до Метаморфозис и до Точка заради тоа што имаа голем удел во овој наш заеднички потфат. Генерално гледано, ова беше уште едно успешно дружење на заљубениците во анимето и Јапонија.
Се гледаме на 23 Мај, повторно во Точка!

3 коментари:

Damjan рече...

Мене ми се поклопува Јапанорамава со тренинг и неможам да присуствувам. Баш ми е жал, ама нема врска, ќе ги гледам филмовиве дома. Среќа, лесно се наоѓаат. Така, да бидам во тек :) ! Поздрав!

Random nobody рече...

А шо викате да напраиме една масовна тепачка у Точка , онака , секој со вештина шо му одговара највише . :))

Анонимен рече...

Ne mozam da ja izvadam od glava Setsuko. Aj shto beshe slatka, tuku faktot kolku go sakashe zivotot ti pravi da ti e uste pomachno shto umre.