вторник, 20 мај 2008

Chashitsu - Sora no ana

Chashitsu(茶室), (соба за чај/куќа за чај), накратко, е простор во кој се врши церемонијата на служење на чај. Воглавно ги граделе зен свештеници, потоа трговци, самураи и владетели, во потрага по едноставност и мир, како што се и начелата на зен филозофијата. Започнале да се градат во средината на 16. век во Sengoku периодот, како самостојни објекти или како дел од поголеми објекти (приватни домови, светилишта, храмови, училишта итн.).

Chashitsu постои како духовен простор на една личност. Потоа доаѓаат гости, носејќи го со себе својот личен духовен простор. И овде, низ церемонијата на чајот, разговарајќи, ја делат заедно духовноста на моментот, за на крај да се вратат секој на своето.

Овие 4 што ги одбрав се дела на Fujimori Terunobu. Тој е професор на Универзитетот во Токио по историја на архитектурата. Најмногу се занимава со проучување на еволуцијата на јапонските градови и со Meiji периодот. Почнува да проектира објекти дури на своја 45 годишна возраст. Како што вели тој, бидејќи најчесто овие простори се замислени и проектирани од мајстори на церемонијата на чајот, тој и оние неколку славни јапонски архитекти (Isozaki Arata, Ando Tadao, Kuma Kengo и Tanugishi Yoshio) кои ја имале честа да проектираат вакви простори, им го посветиле целото свое внимание, знаење и капацитет.



Tan-ken, Forum сала за конференции, Arai, Niigata (1999)
516 m2, tan-ken 18 m2


Ku-an, Kyoto (2003), 5,4 m2, 4 m висина


Takasugi-an, Chino, Nagano (2004), 6,2 m2, 10 m висина
* нели личи ко од цртаните на Miyazaki??*


Chashitsu tetsu, Hokito, Yamanashi (2005)
6 m2, на 4 м висина


Професор Фуџимори учествуваше и на Биеналето во Венеција 2006, заедно со ROJO, кадешто привлече големо внимание, заради својата надреалистичност и очигледната блискост со природата. А оваа година, ќе биде и еден од предавачите на Конгресот на UIA (Светска асоцијација на архитекти) во Торино. Wish I was going....

2 коментари:

Bi рече...

Е ова е јапонска естетика :)
Баш wabi sabi

FiGi рече...

its a big bird house :P