понеделник, 21 април 2008

Аниме фанатици и конвенции




Аниме конвенциите се повеќедневни настани што се вообичаени за светот, на кој доминира аниме-то, манга-та и општо - јапонската култура. Од првата одржана во Јапонија пред повеќе од 30 години, до денес претставуваат собир на стотици, илјадници фанови на оваа култура. Денес се спонзорирани од големите судија и издавачки куќи и претставуваат платформи за промоции на нови изданија. На нив се среќаваат различни гости како цртачи, аниматори, продуценти, актери, музички групи и моите омилени - seiyu - актери кои ги позајмуваат гласовите на аниме-јунаците.

Се одржуваат разни ивенти, работилници, дискусии (панели), концерти, натпревари на цртање, cosplay (маски), видео игри, игри со карти и коцки, промоции, проекции, журки, вечери, па дури и аудиции. Се продаваат најнови изданија или колекционерски ајтеми на графички новели, манга, аниме и музички ЦД-а и ДВД-а, костуми (маски), софтвер, украси, играчки, фигурини, храна.....и што уште не...(леле, пена ми фатија прстите...)

Најстарата и најпопуларна аниме конвенција е Comiket (Komiketto), позната уште како Comic Market ( Komikku Māketto) кој се одржува двапати во годината во Tokyo. Бесплатен е влезот, но морате да купите CM каталог, во принт и во ЦД верзија - како мал телефонски именик за сите ~35.000 "продавачи" кои ќе се појават на конвенцијата. Наводно, без него, неможете да се снајдете во овој 3 дневен...хаос?!?.
Следниот е закажан во август 2008.
Најголемата аниме конвенција во САД е AnimeExpo која се одржува во California веќе 13 години од страна на независното Society for the Promotion of Japanese Animation (SPJA). Наредната е закажана за 3-6 јули 2008 во Los Angeles Convention Center во Los Angeles, CA....
За не толку големо чудо, аниме и воопшто јапонската култура стануваат се популарни и во Европа, па најпосетената аниме конвенција се одржува во Рим, Италија, т.н. Lucca comics and games, меѓутоа таа е дел од големата конвенција на анимација, стрипови и игри.
А пак нам најблиската, неофицијална, и само на ниво на фанови, (во моментот се тркалам од смеење...) e Cosplay-ot во Бугарија, што си го организираат децата таму во Софија во средината на август и си играат игрички, си се маскираат и се натпреваруваат во цртање... барем нешто прават.

А и кај нас очигледно, со порастот на корисниците на интернет, расте и љубовта кон анимето, мангата, јапонската култура, па зошто да не... да си организираме и ние една аниме конвенција, макар вака, меѓу фанови... чекам предлози ;)

4 коментари:

Bi рече...

лееј браво за бугариве.
Колку сме ние тука назад во све значи.

А бе и јас сум да се праат такви работи, ама гледаш, за една прошетка во парк двајца се појавија, на група од 50 души 5 мина дискутираат, а од 20 автори на блогов двајца пишуваат :)

Е сега ова пренеси го во пракса за организирање поголеми нешта како косплеј ецетера ;D

Инаку, зборев јас со луѓе од Точка, и ако имаат купено проектор може да се организираат проекции на аниме и јапонски филмови, еднаш неделно. Мислам дека сите тука, во домашното кино, имаме тони да понудиме.

Unknown рече...

Јас имам аниме серии. Па ако сакате неделно по една епизода. :)
Во секој случај јас би донел се што имам. Па оставам на вас да одлучите и што ќе правите со материјалот.
А во врска со средбата (не се вадам од одговорност): завршив со колоквиумска недела и цел викенд ми беше веќе испланиран т.е. имав ветено на луѓе.

FiGi рече...

Една серија неделно?!
Па да,мислам дека можеме да почнеме да глеаме како на пример "One Piece".
Тоа аниме има над 300 епизоди,ако почнеме сеа да ги глеаме,ќе ги изглеаме за некока деценија. :P

Може да се напраи нешто за во Точка,да се пуштаат долгометражни аниме цртани,има доволен избор,јас имам прилично многу избор,ама ми се real media претежно,тоа значи послаб квалитет.

Marivche рече...

Треба да се седне па да се види кој што има, и да се направи избор, концепт за кое што и кога да се проектира...