вторник, 29 април 2008

Хирагана основи

Да се надоврзам на она што го започна Andrijeski во врска со основната хирагана.

За почеток едно кратко запознавање со самогласките во јапонската азбука хирагана и некои зборови кои може да се формираат со нив.

- самогласка а. Се пишува со три потега: хоризонтална линија од лево кон десно, вертикална линија одозгора надолу низ средината на хоризонталната линија и јамка која минува низ вертикалната црта.

- самогласка и. Се пишува со два потега: од лево вертикална искривена линија со кука на дното потоа од десно пократка вертикална линија со спротивна искривеност.

- самогласка у. Се пишува со два потега: на врвот на симболот диагонално искривена кука отворена на лева страна и под неа поширока крива која почнува од лево има мало издигање и завршува повторно на лево со по остро спуштање.

- самогласка е. Се пишува со два потега: на врвот диагонална искривена кука, слично како кај самогласката у потоа под неа во еден потег благо растечка хоризонтална линија, дијагонала кон лево и уште еден потег на десно налик ~.

- самогласка о. Се пишува со три потега: хоризонтална линија од лево кон десно, вертикална линија одозгора надолу низ средината на хоризонталната линија која продолжува со јамка од лево на десно и мала закривена линија помеѓу хоризонталната линија и јамката.

Некои зборови кои ги содржат самогласките:

あし - ASHI - нога

い - KAI - школка

う - AU - сретнува(глагол)

え - IE - куќа

お - AO - сина боја

い - AI - љубов

か - IKA - сипа

し - USHI - крава

き - EKI - станица

お - SHIO - сол


Ова е дел од предавањата на Бруно Николовски, човекот кој го напиша првиот јапонски буквар на македонски јазик и кај кого една мала група од тројца се запознаваме со јапонскиот јазик и култура.

2 коментари:

Bi рече...

Еве
тука и визуелно.

SlaughteredKid рече...

Postov e gledam od 2008. Jas docnam dve godini :P no sakav da prasam kade da dobijam info za kursot po Japonski kaj Bruno Nikolovski.

Thankies