петок, 25 април 2008

Хирагана ひらがな и Катакана カタカナ

Во еден од претходните записи, Onimusha не' воведе во дел од Јапонското писмо Канџи (кое под default се користи Јапонија), па решив да го напишам постов за да тргнеме од нешто основно и полесно :)

Иако Onimusha ги спомна, сепак морам да истакнам дека доколку веќе почнувате со учење на Канџи знаците, пожелно е најпрвин да ги научите Хирагана и Катакана.

Хираганата и Катаканата спаѓаат во Kана систем, што значи дека секој симбол си има свој глас. (Постојат и други писма, меѓутоа одамна престанало нивното користење, па само ќе ги спомнам Хентаигана 変体仮名 и Манјогана 万葉仮名)
Од тука, може да се каже дека (со одредени исклучоци) во Хирагана и Катакана се чита онака како што се пишува (исто како и во Македонскиот јазик).

Хирагана ひらがな е дел од Јапонското писмо и е дел од Јапонскиот систем за пишување. Хираганата најчесто се користи за зборови кои немаат соодветен Канџи знак. Исто се користи и кога соодветниот Канџи збор, не е толку фрекфентно користен и со тоа не му е познат на читателот, се користи и во други случаи, меѓутоа за да не го правам постов толку опширен, нема да набројувам. Повеќе информации можете да најдете тука и тука.

Најчесто користени и наједноставни Хирагана знаци се следните 46:



Катаканата カタカナ највеќе се користи за имиња на места, странски имиња и зборови со странско потекло. Катаканата е карактеристична по тоа што кај неа се користат кратки, прави линии и краеви под одреден агол. Поради ова, катаканата е наједноставното Јапонско писмо. Повеќе информации тука.

Исто како и во Хирагана, следната табела ги прикажува 46те најкористени Катакана знаци



Пред некој ден најдов многу згодни јава апликации (наменети за мобилен телефон) за учење Хирагана, Катакана, а и Канџи.
Бидејќи за Канџи има повеќе, а и темата на записов не се однесува на тоа, ги прикачив само Hiragana recall (49КB) и Katakana recall (46КB)
Со нивна помош може да научите Хирагана и Катакана за еден или два дена (барем што се однесува на препознавање и читање)

Edit: Бидејќи имаше некои нејаснотии, и некои искоментираа во врска со тоа, решив да го едитирам постов и да дообјаснам :)

Како што можевте да забележите од табелите што погоре ги презентирав, има само 46 знаци и многу знаци кои во суштина се користат во Јапонскиот јазик, а сепак се дел од Хирагана и Катакана ги нема.
Ова е затоа што во Хирагана и Катана има и друга поделба на знаците според гласноста. Така да, има знаци кои одбележуваат некој глас, и знаци кои немаат глас. Исто така има и полу-гласовни знаци.

За пример ќе ја земам Га が која ја има дури и во зборот Хирагана, а сепак ја нема во табелата. И сами можете да забележите дека помеѓу か (Ка) и が (Га) има многу мала разлика, и таа се должи на оние 2 мали цртички пто се горе десно како апострофчиња.
Токму тоа е знакот кој го дава гласот и ја прави истата буква со глас.
Значи, Ка + глас -> Га ;Та + глас -> Да; Са +глас -> За; итн. Или тоа на Јапонски:
か -> が ; た -> だ ; さ -> ざ
Овие знакчиња кои и даваат знак на буквата дека е со глас со едно име се викаат dakuten 濁点 
Постојат и полузвучни букви кои се бележат со друго знакче, во случајов многу мало кругче исто како она кое ние го користиме за ознака на степени (на температура, некој агол и слично) Тоа знакче исклучиво служи за произведување на П звукот и се нарекува handakuten 半濁点 (Мару знак, полугласовен звук или П-звук) Пример:
ぱ Па; ぺ Пе; ぷ Пу; ぴ Пи; ぽ По.

Така да, бројот на Кана знаци, зависи од тоа како ги броиме. Како споредба која би била појасна за нас, би ги зел за пример e é è. Сите ќе се согласиме дека е истата буква иако во различни ситуации може да звучи многу поинаку. Исто е и случајот со Хирагана и Катакана знаците. Во случајот со табелите погоре, земен е само знакот кој во случајов за споредба е е.

Се надевам дека сега е појасно (мене дефинитивно ми е). Можеби ова требаше да го ставам како посебен пост, ама како и да е, да не комплицирам :) Bai bai ~~





6 коментари:

Unknown рече...

А зашто нема на табелата за Hiragana симбол за гласот „ga“?

Andrijeski рече...

На почетокот и јас истото се прашував.

Овие 46 знаци се најчесто користените, инаку Хирагана има (ако не се лажам) 104 знаци.

Иако зборот Хирагана во него содржи буква が (ga), тоа не значи дека истиот е често користен, па затоа го нема во табелата.

Инаку, мене Га ми е многу сличен на か (kа) so toa што кај ga горе десно има 2 мали цртички :D

Табелата со Unicode стандардот може да се најде тука.
Таму има 93 знаци и колку што можам да забележам ја има и が (га)

Анонимен рече...

ка е сличен со га затоа што во сложената хирагана од 'к' табелата со додавање на 2 цртички се добиваат 'г' симболите/звуците:

имено
か ka き ki く ku け ke こ ko

が ga ぎ gi ぐ gu げ ge ご go

понатаму изведувањата(со 2 цртички) идат

с - з
т - д
х - б

од х има уште едно изведување со додавање на кругче во десниот горен дел од симболот со што се добиваат п звуците. :D

Поздрав

Andrijeski рече...

Icy, баш вчера со Њук разговаравме со ова (а и со тебе, ама си замина рано па не го прочита заклучокот).

Подоцна ќе го едитирам постот (сега сум на брзање) и ќе допишам дообјаснување за што всушност се работи :)

Stay tuned :D

Bi рече...

Waw! Супер пост. Мислам на многумина ќе им биде корисен. Особено се радувам дека гласовите во табелите си ги напишал со кирилица. Ептен јако, ќе си ги испечатам. :)
А апликациите работат ли на самсунг?

Andrijeski рече...

Ако сакаш да ги печатиш да направам поголема верзија..

За Самсунг незнам, зависи која верзија. Битно е да поддржува јава :)