Аниме конвенциите се повеќедневни настани што се вообичаени за светот, на кој доминира аниме-то, манга-та и општо - јапонската култура. Од првата одржана во Јапонија пред повеќе од 30 години, до денес претставуваат собир на стотици, илјадници фанови на оваа култура. Денес се спонзорирани од големите судија и издавачки куќи и претставуваат платформи за промоции на нови изданија. На нив се среќаваат различни гости како цртачи, аниматори, продуценти, актери, музички групи и моите омилени - seiyu - актери кои ги позајмуваат гласовите на аниме-јунаците.

Се одржуваат разни ивенти, работилници, дискусии (панели), концерти, натпревари на цртање, cosplay (маски), видео игри, игри со карти и коцки, промоции, проекции, журки, вечери, па дури и аудиции. Се продаваат најнови изданија или колекционерски ајтеми на графички новели, манга, аниме и музички ЦД-а и ДВД-а, костуми (маски), софтвер, украси, играчки, фигурини, храна.....и што уште не...(леле, пена ми фатија прстите...)
Најстарата и најпопуларна аниме конвенција е Comiket (Komiketto), позната уште како Comic Market ( Komikku Māketto) кој се одржува двапати во годината во Tokyo. Бесплатен е влезот, но морате да купите CM каталог, во принт и во ЦД верзија - како мал телефонски именик за сите ~35.000 "продавачи" кои ќе се појават на конвенцијата. Наводно, без него, неможете да се снајдете во овој 3 дневен...хаос?!?.

Следниот е закажан во август 2008.
Најголемата аниме конвенција во САД е
AnimeExpo која се одржува во California веќе 13 години од страна на независното Society for the Promotion of Japanese Animation (SPJA). Наредната е закажана за 3-6 јули 2008 во Los Angeles Convention Center во Los Angeles, CA....
За не толку големо чудо, аниме и воопшто јапонската култура стануваат се популарни и во Европа, па најпосетената аниме конвенција се одржува во Рим, Италија, т.н. Lucca comics and games, меѓутоа таа е дел од големата конвенција на анимација, стрипови и игри.
А пак нам најблиската, неофицијална, и само на ниво на фанови, (во моментот се тркалам од смеење...) e
Cosplay-ot во Бугарија, што си го организираат децата таму во Софија во средината на август и си играат игрички, си се маскираат и се натпреваруваат во цртање... барем нешто прават.
А и кај нас очигледно, со порастот на корисниците на интернет, расте и љубовта кон анимето, мангата, јапонската култура, па зошто да не... да си организираме и ние една аниме конвенција, макар вака, меѓу фанови... чекам предлози ;)