Се прикажуваат објави со етикета НХК. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета НХК. Прикажи ги сите објави

среда, 21 март 2012 г.

Добредојдовте во саможртвувањето (Добредојдовте во НХК епизода 19)

Како што ви ветивме, за кратко време ви ја презентираме и новата епизода на Добредојдовте во НХК - Добредојдовте во саможртвувањето, уште една забавна епизода од секојдневието на нашите тинејџери полно со проблеми.

Играта на Мисаки и Сато продолжува - Сато го потпиша договорот и вети дека ќе и’ ги исполнува сите желби на Мисаки, а Мисаки е решена дека ќе му врати за неговото флертување со Кашива, па си игра со него влечејќи го насекаде за да ги исполнува сите нејзини хирови. Но до кога, или до каде, ќе оди сета таа игра? И какви се вистинските чувства на Сато?

Овде можете да ја прочитате онлајн верзијата. Pdf и cbz верзиите може да се добијат на барање во коментар.
Очекувајте не’ наскоро со нови епизоди.

среда, 7 март 2012 г.

Добредојдовте во замката (Добредојдовте во НХК епизода 18)

За денес ви подготвивме изненадување, па jа објавуваме порано (или многу подоцна) од петок 18-тата глава на „Добродојдовте во НХК“. Сe’ уште во потрага на ентузијасти и редовни членови на тимот, неколкумина од нас се снаоѓаат временски да го исполнат рокот.. Моментално се припремаат и другите две глави од 4-тата книга, со што би стигнале до половина од приказната. И тие ќе бидат објавени наскоро, зашто ги работевме паралелно, а се надевам вие и понатаму ќе бидете трпеливи и ќе се радувате на секое наше издание. ;)

Мисаки не се откажува од Сато, и понатаму се обидува да го извлече од статусот „хики“. Оваа епизода раскажува дел од приказната на Мисаки, но мора да се запрашате што е вистина а што не, кога епизодата носи наслов „Добредојдовте во замката“. Како и да е, уште едно кратко уживање од нас за вас.

Онлајн верзијата како и секогаш овде, а нормално, и pdf и cbz верзиите се спремни за симнување.

петок, 16 декември 2011 г.

NHK се враќа дома


После летната пауза која стигна до зима, Манганација се враќа со нова епизода на сатиричната манга серија „Добредојдовте во НХК“.

Тие што читаа до сега се сеќаваат дека серијата го следи животот на еден хикикомори Сато Тацухиро. Тој е човек на околу дваесетина години, повлечен од социјалниот живот и општеството, затворен во својот дом без никаква визија за себе и својата иднина. Го напуштил факултетот и живее со позајмици од родителите, кои и самите запаѓаат во криза, ја лажи мајка му дека има девојка и работа, а со својот отаку комшија Јамазаки, кој е слично толку забеган, си замислуваат дека ќе направат еротска видео игра, од која ќе заработат многу пари. Тука е и девојката Мисаки, која ги избегнува училишните обврски и се занимава со „лекување“ на болеста на Сато и повозрасната соученичка на Сато Кашива семпаи, која е зависна од лекови за смирување.

Авторот преку различни доживувања на главниот лик Сато низ различни епизоди на серијата не запознава со болестите на јапонското општество и замките во кои паѓаат младите луѓе нарачени NEET (не работат, не се едуцираат и немаат друга обврска). Така што се запознаваме со различни општествени појави и девијации, претставени на комичен и саркастичен начин: хикикомори, отаку, лолита комплекс, интернет самоубиство, зависност од компјутерски On-line игри со играње на улоги (MMORPG), задолжување преку мултилевел продажби базирани на измама и т.н.

Се надваме сека серијата ви се допаѓа и дека ќе продолжите да ја читате, па ви ја претѕставувме новат епизода 16, со почеток на нов том и нови доживувања на Сато и неговите „пријатели“.

Читајте ја новата епизода on-line тука, или симнете си ја во pdf или cbz верзија од Magaupload.
За тие што не читале до сега, сите досегашни епизоди може да се најдат тука.

петок, 15 јули 2011 г.

Добредојдовте во воздржувањето (Добредојдовте во НХК #15)

„Добредојдовте во воздржувањето“ е последната, 15-та епизода од 3-тата книга на проектот на Манганација - „Добредојдовте во Н.Х.К.“
„Ангелот чувар“ - Мисаки-чан, се бори со продажниот агент на MyWay да го заштити Сато-кун и да не дозволи да го искористуваат. Ќе успее ли? Ќе биде ли доволна силна да го излече од збрката во која влезе минатата епизода?
Симнете ја верзијата во pdf или во cbz, или прочитајте онлајн и дознајте.


Во меѓувреме Манганација ќе направи пауза од околу еден месец, поради летните одмори, но од септември продолжува со ист толкав ентузијазам, многу поголемо искуство кое го стекна последниве 3-4 месеци и се надеваме многу помалку пропусти :).

До тогаш, уште еднаш потсетување каде може да ги најдете претходните епизоди, доколку некоја сте пропуштиле.


Книга 1:
#01 Добредојдовте во проектот PDF CBZ WEB
#02 Добредојдовте во Лолита PDF CBZ WEB
#03 Добредојдовте во новиот свет PDF CBZ WEB
#04 Добредојдовте во училницата PDF CBZ WEB
#05 Добредојдовте во претпријатието PDF CBZ WEB
Книга 2:
#06 Добредојдовте во мораториумот PDF CBZ WEB
#07 Добредојдовте во летните денови PDF CBZ WEB
#08 Добредојдовте на одморот PDF CBZ WEB
#09 Добредојдовте на офлајн средбата PDF CBZ WEB
#10 Добредојдовте во рајот PDF CBZ WEB
Книга 3:
#11 Добредојдовте онлајн PDF CBZ WEB
#12 Добредојдовте во заклучената соба PDF CBZ WEB
#13 Добредојдовте кај сината птица PDF CBZ WEB
#14 Добредојдовте во My Way PDF CBZ WEB
#15 Добредојдовте во воздржувањето PDF CBZ WEB

Екипата на Манганација ви посакува пријатни летни одмори!

Nyaaaa ~~~

петок, 8 јули 2011 г.

Добредојдовте во MY WAY (Добредојдовте во НХК 14)


Повторно петок 13 часот. И повторно ние сме тука со новата епизода.
Ова е претпоследната за оваа сезона, уште една на 15ти и после ќе имаме мал одмор, па продолжуваме на есен.

Во оваа епизода се запонавама со измамничките мулти левел маркетинг пирамидални фирми кои исцедуваат огромна сума пари од луѓето преку користење на манипулативни методи на персуазија.
Сато кун тука се наоѓа во една таква ситуација, а како се снајде и што поконкретно се случува, може да прочитате и сами.

За симнување pdf и cbz.

петок, 1 јули 2011 г.

Добредојдовте кај сината птица (Добредојдовте во НХК #13)

Петок, а денес ја објавуваме 13тата епизода од Добредојдовте во НХК.

Но, да се надеваме нема баксузната бројка да му пречи на Сато-кун да стане свој човек и да се излечи од синдромот на социјална повлеченост..

Секој може да полета, само треба да сака, и да размислува позитивно!

Во новите доживувања и нови средби со нашите јунаци, денес можете да уживате во епизодата Добредојдовте кај сината птица, читајќи ја онлајн овде.

Како и секогаш, достапнa за симнување pdf и cbz верзиите.

петок, 24 јуни 2011 г.

Добредојдовте во заклучената соба (Добредојдовте во НХК 12)


Еве уште една недела. Овој пат горештините настапуваат кај нас, а со Сато Тацухиро се случуваат работи зад заклулена врата.

Во оваа епизода имаме: врзување со лисици и S&M моменти, се разбира во комична конотација, и посериозното разгледување на ефектите на социјалното повлекување (хикикомори синдромот од кој пати Сато): невработеност, трошење пари од родителите и целосна паразитска зависност од нив.

Новата епизода може да ја симнете од тука:

ONLINE READER - Читај тука!

петок, 17 јуни 2011 г.

Добредојдовте онлајн (Добредојдовте во НХК 11)

Успешно завршивме 2 книги од проектот Добредојдовте во Н.Х.К. и денес почнуваме со третата. Работите стануваат се’ повозбудливи, нели? :)

Новата епизода го носи насловот „Добредојдовте онлајн!“ и раскажува за зависноста од игрите. Претпоставуваме некои од вас ќе се препознаат себеси, бар малку. ,) Речиси целата во „гејмерски“ жаргон на MMORPG игрите, но лесно и забавно е раскажана, па и оние на кои онлајн игрите им се непознати ќе уживаат во неа.

За онлајн читање ја имате овде
А повторно ги имате и верзиите за симнување во pdf и cbz формат

петок, 10 јуни 2011 г.

Добредојдовте во рајот (Добредојдовте во НХК 10)

Уште еден петок, овој пат неработен. И се разбира тука е НХК, овој пат со разгледување на феноменот на офлајн средба за самоубиство, што претставува загрижувачка појава во јапонското општество.

Па, како и досега, следете ги линковте.

.cbz форматот за читање стриипови и
мејнстрим .pdf форматот, кој послужува и за печатење.

Се гледаме во следниот том, ова е последната епизода од вториот.

петок, 3 јуни 2011 г.

Добредојдовте на офлајн средбата (Добредојдовте во НХК 09)

Ете сме пак. И пак на време. Со надеж дека постојат луѓе кои нè очекуваат секој петок од 13:00 часот за да ја прочитаат новата еписода на Добредојдовте во НХК на македонски :)

Па еве ги линковите.

На онлајн ридерот веќе го знаете, само треба да ја смените последната цифра од претходниот пат :) http://manganacija.com/NHK/009/
Но тука се и таа за печатење по дома: pdf верзијата
и онаа за корисниците на комик ридери: cbz.


See U laterz aligaterz

петок, 27 мај 2011 г.

Добредојдовте на одморот (Добредојдовте во НХК #08)

Денес, на време, ја објавуваме осмата епизода од проектот Добредојдовте во Н.Х.К., насловена како Добредојдовте на одморот. Овој пат немавме технички проблеми, па ја објавуваме во сите досега за вас познати формати:

Како и секогаш за онлајн читање ја имате тука.

Достапни ви се и верзиите за симнување
Во популарниот pdf.
А за стрипаџиите и во cbz.

Минатата недела успеавме да ја објавиме епизодата само за онлајн читање. За оние кои сакаат да ја имаат во својата колекција и епизодата #07 Добредојдовте во летните денови, сега им се достапни и верзиите за симнување.


Лого by The Jester

Манганација уште еднаш ги повикува сите заинтересирани да ни помогнат во овој или во некој нареден проект. Се бараат членови за:
  • превод од англиски на македонски јазик
  • проверка на преведениот текст
  • чистење на оригиналните скенирани страници
  • тајпсетирање на страниците со македонски текст
Сите заинтересирани да ни се јават или на мејлот на групата или на групата на фејсбук Japa.net.mk или директно овде во коментар - секоја помош е добредојдена.

Ве очекуваме ^_^
А вие и понатаму уживајте во Добредојдовте во Н.Х.К.

петок, 20 мај 2011 г.

Добредојдовте во летните денови (Добредојдовте во НХК7)

Продолжуваме со втората книга и втората нејзина глава, односно седмата епизоада од манга серијата Добредојдовте во НХК, Добредојдовте во летните денови.
Како и обично тука сме во петок во 13 часот со неделната доза.
Добредојдовте во летните денови:

CBZ и PDF верзијата ќе ги објавиме накнадно, поради недовршените поправки од QC.

Бидејќи претходната недела не работеше едитирањето на блогспот, моравме објавите да ги пуштиме на друго место, а тоа беше на сајтот на групата кој сеуште е во изработка. Но, за да не го исгубиме тука конинуитетот, ќе ги ставиме линковите и овде за претходната епизода.

Добредојдовте во мораториумот:

CBZ верзија
PDF верзија

петок, 6 мај 2011 г.

Добредојдовте во претпријатието (Добредојдовте во Н.Х.К. #05)

Денес ви ја претставуваме петтата епизода „Добредојдовте во претпријатието“. Со тоа успешно го завршуваме првиот том од вкупно осум од манга серијата „Добредојдовте во НХК“.

Бидејќи сајтот ни е сеуште во припреми, ве молиме за трпение додека сеуште ги симнувате pdf и cbz верзиите од Megaupload.


А, како и претходно, во страниците на мангата можете онлајн да уживате на истото место.

Уживајте!

петок, 29 април 2011 г.

Добредојдовте во училницата (Добредојдовте во НХК #04)

Се надевам веќе почнува да ви преминува во навика да го посетувате нашиот блог за петочните апдејти на мангата „Добредојдовте во Н.Х.К.“

Овој петок, претпразнично Манганација ви ја претставува најновата, 4-та епизода „Добредојдовте во училницата“. Се надеваме дека ќе уживате и во неа.


За онлајн читање можете да ја најдете овде.

И како и секогаш pdf и cbz верзиите за симнување.

Среќни празници!

четврток, 21 април 2011 г.

Добредојдовте во новиот свет (Добредојдовте во НХК 3)


Продолжуваме со третата преведена епизода на манга серијата „Добредојдовте во НХК“.
Оваа недела порано, во четврток, зашто од петок почнуваат празниците, па решивме да ве почестиме.

Pdf верзијата за симнување тука
CBZ стрипџиите можат да ја симнат тука

И за онлајн читање на истото место кај што се и претходните.

Среќни Велигденски празници!

петок, 15 април 2011 г.

Добредојдовте во НХК 2

Додека сеуште е во припрема посебен сајт, постовите со објава на новиот проект на групата за сканлација ќе се објавуваат на нашиот блог.


Како што ви ветивме, секој петок Манганација објавува по една епизода од проектот „Добредојдовте во НХК“. Денес, ја објавуваме втората епизода „Добредојдовте во Лолита“.

Може да ја симнете
- во pdf верзија
- во cbz верзија

А можете и онлајн да ја читате тука

Уште еднаш ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат во подготовка на овој или некој нареден проект на Манганација . Групата е отворена, па повелете приклучете се.

петок, 8 април 2011 г.

Добредојдовте во НХК 1

Манганација продолжи со работа и веќе го започна својот втор посериозен проект, кој веќе го најавивме, а тоа е сканализацијата на серијата „Добредојдовте во НХК“.
Од денес, петок 8 април 2011, секој петок ќе излегува нова преведена епизода од серијата. Доколку имаме некое прескокнување, поради празник или слично, ќе биде најавено тука на блогот. Денес ја објавуваме првата епизода со наслов „Добредојдовте во проектот“.


Инаку „Добредојдовте во НХК“ е манга базирана врз истоимена новела на авторот Тацушико Такимото. Приказната се развива околу дваесет и две годишен хикикомори и претставува еден вид критика на болестите на модерното јапонско општество. Хикикомори претставува социјално повлекување и потполно затворање од светот, а во последнава декада во Јапонија станува сериозен општествен проблем поради распространетоста и зачестеноста. Покрај овој феномен во мангата се обработени и други општествени феномени на јапонското општество како: лолита комплекс или лоликон(рорикон), интернет самоубиство, како и голем дел од отаку субкултурата.

Скратеницата НХК во Јапонија се однесува на јапонската национална телевизија (Nippon Hōsō Kyōkai), но во мангата е заменета со параноичната идеја на главниот лик за организацијата која создава хикикомори (Nihon Hikikomori Kyōkai), повторно алудирајќи на телевизијата и целата отаку аниме култура.


Можеби ова на многумина ќе им се види како нешто далечно, но ќе се изненадите колкав дел од овие феномени стануваат реалност и во нашето општество и како по еден хикикомори лежи во секој од нас.

Ова е колку да ве воведам, а развојот на приказната ќе го доживеете сами читајќи ја мангата на македонски секој петок.

Сега може да ја симнете